Рибароски: Заедничко и одговорно родителство – да се прекине праксата детето да се доделува на само еден родител, а другиот да има минимални контакти

You must need to login..!

Опис

Сакаме да се напушти праксата на доделување на детето на само еден родител. Наместо тоа, во предлог законот ставивме дефиниција што претставува заедничко родителство, што е самостојно родителство, во правна и во физичка смисла и ставивме одредба дека во сите случаи, освен во исклучителните, кои се предвидени во еден член, треба да важи заедничкото правно и физичко родителство.

Во правна смисла, двата родитела остануваат еднакво одговорни за клучните одлуки околу детето – здравство, образование и тн., а во однос на видувањето, се предвидува дека секој од родителите треба да помине по минимум 120 до 180 дена годишно со детето, изјави за Утрински брифинг претседател на граѓанската иницијатива за заедничко родителство. Наум Рибароски.

Имавме доста активности во Собранието. Нашите предлози во Министерствот за труд и социјала не се баш најдобро примени. Во целиот период од 3-4 години очекувавме да се смени нешто. Покрај што подготвивме предлог законски измени, подговотвивме и предлог правилник за видивување и предлог за определување на алиментација вои услови на зедничко родителство. Ова се правилници што со децении ги нема. Наместо ова да резултура со соработка од страна на министерството ние цело време сме игнорирани. Пробувавме преку забиколен пат, односно преку Парламентот сето ова да се среди, но и во Парламентот имаше организирано „минирање“ на дискусијата. Наум Рибароски, претседател на граѓанската иницијатива за заедничко родителство.

Цело време чувствуваме дека во позадина има некаков отпор кон целава работа, но тој отпор не е базиран на аргументи. Морам да нагласам дека ние се трудиме да смениме еден систем кој е во сила цели 50-60 години. Се работи за една од најдинамичните категории – семејство, деца, а се водиме по вравила кои што се после Втора Светска Војна.

Ова е осетлива тема, но не можам да ги сфатам политичарите дека не се свесни дека правата на децата се во преден план и нивните права се нарушени, вели Рибароски.

На прашањето околу тоа дали постојат здруженија кои се спротивставуваат на граѓанската иницијатива за заедничко родитлество, Рибароски вели дека сите женски се помалку или повеќе против нивната иницијатива и на тој начин се фрлало погрешно светло на целата работа.

Се прикажува дека ова е борба на мажи против жени. Но тоа не е така. Кај нас има и доста мајки кои се секундарни родители. На крајот на краиштата и полот на децата кои што се засегнати се машки и женски. Затоа не може да стане збор за машко – женска борба.

И тие минимални права кои ги имавме според закон сега се суспендирани. И тоа самоволно од страна на некои родители. На пример – родител вечерва вика дека е вонредна ситуација и дека детето нема потреба да се гледа со другиот родител, а тоа е направено без никаква консултација со надлежните.

Потребите на децата не се менуваат во вонредна ситуација, се уште имаат потреба да бидат нахранети, облечени, да си играат и се уште имаат потреба да бидат со двата родитела. Постои и дополнителна потреба да се заштитат од тековната пандемија, но тоа секако дека секој совесен родител го прави за своите деца, почитувајќи ги мерките определени од надлежните. Впрочем, не постои доказ дека децата се позаштитени кај примарниот родител отколку кај секундарниот

Затоа ние се обративме до јавноста, бидејќи и немаме друго место каде да се обратиме – во сегашнава ситуација центрите за социјална работа од една страна работат со намелен капацитет а од друга страна ако се обратиш писмено рокот кој и онака беше долг (60 дена) сега е продолжен. Значи одговор би можело да се добие, евентуално кога ќе заврши кризнава состојба, рече Рибарски.

Ситуацијата е таква што тие минимални контакти што ги имаа секундарните родители, за поголем дел од нив околу 90% се сведени на нула а државата не презема ништо околу тоа.
Центрите за Социјална грижа и снивнат советодавна улога и можноста д авоспостават некаков договор меѓу родителите е со мал успех, од проста причина што сегашната ситуација и закон е таков што родителите не се мотивирани на договор. Во пракса – едниот родител кој што знае дека ќе остане примарен нема интерес да се договара со другиот родител, додаде Рибароски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 4 =