Реџепи: Со законот за државјанство целта беше да се реши статусот на лицата без државјанство

You must need to login..!

Опис

Законот за државјанство беше наше предизборно ветување кон граѓаните дека во првите сто дена ќе го поднесеме било да сме дела од власта или опозицијата… Сега како дел од опозицијата го поднесовме овој прелог закон и вопшто не очекувавме истиот да се исполитизира.

Се исполитизира од сите политички фактори и од власта и од опозицијата што пак не натера да се доведеме во ситуација да ги блокираме законите кои што идат како реципрочно однесување на блокадата што ја поставија другите. Меѓутоа со нашиот притисок власта седна заедно со нас да најдеме начин како го завршиме овој процес.

По лидерските стредби на крај дојдовме до една рамка во која што новите измени на предлог законот се веќе во комисиска процедура, утре би требало да се одржи состанокот на на комисијата, така беше и договорено оваа недела да се одржи, и за да додјеме во ситуација еднаш за секогаш да ги решиме овие проблеми… Од тоа што е договорено е дека нашиот предлог закон не е непроменлив по секоја цена, за се може да се има компромис, целта беше нашата заложба да биде усвоена а тоа беше граѓаните кои што во државата се без статус на државјанство да им се реши ваквиот статус вели за УБ пратеникот од редовите на партијата Алтернатива, Скендер Реџепи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × three =