Реџепи: Преносната гасоводна мрежа се гради и покрај големиот број имотни спорови – РЕК Битола наскоро ќе добие гас за замена на јагленот

You must need to login..!

Опис

Ова е геостратешки многу важен прокет за нас. Потпишан е меморандумот. Терминалот ќе се гради во Алексанрдопули. Овој терминал, гасот од течна состојба го претвора во гасна и го пушта низ преносниот систем. Во овој терминал гас ќе стигне од било која точка на светот. Доаѓа со бродови, се претвора во гасна состојба и може без проблем да се набави, изјави за Утрински брифинг директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи.

Градењето на интерконекторот со Грција ќе ни овозможи ние да се снабдиме од различни извори од кои се снабдува Грција. Со приклучувањето на мрежата на ДЕСФА ги користиме истите извори кои ги има ДЕСФА. Може да набавиме гас од Азербејџан од јужен поток, но има уште еден друг кој работи во Грција, така што ни се отвора можноста да се снабдиме со гас од било кое место во светот. Тоа значи дека добиваме многу поефтин гас и ги диверзифицираме нашите извори на снабудавање за да може да се снабдиме со поефтин гас, додава Реџепи.

Првиот чекор е нправен. мемпорандумот е почеток. Имаме преговарачки тим и се надевам дека преговорите ќе завршат успешно. Нашите очекувања се дека ќе учествуваме со околу 10% во сопственичката структура на овој гасен терминал. Мислам дека дво текот на годинава ќе ги завршиме преговорите, вели Реџепи.

Целиот разговор поглеенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × two =