Реџепи од БЕСА: Во Чаир СДСМ не не поддржа, во Тетово ќе треба!

You must need to login..!

Опис

Јас сум актуелен пратеник во Собранието, и во време на селектирање на кандидат за Чаир им укажував на моите колеги да одиме со некоја друга комбинација. Но треба храброст и одговорност да се излезе на избори, но и на некој начин жртвување.

-Тоа јас го сторив на барање на структурите, но и на голем број на граѓани, изјави во Утрински брифинг Кастриот Реџепи потпретседател на движењето БЕСА.

-Ја прифатив накдидатурата. Резултатот не е задоволувачки. Анализираме, бидејќи во ниедна проекција бројката на гласови не излегуваше.

Симптоматично е дека бројот на гласовите на кандидат на листата се исти , што значи дека немаме добиено ниту еден глас од ниту една политичка партија. Така што интересен е моментот дали некоја од партиите ги усмерила кон друг кандидат, вели Реџепи.

Тетово е бастион на БЕСА. Кандидатурата на Касами предизвика заинтересираност и граѓаните дадоа поддршка за нашата опција.

Според анкетата на ИРИ 82 проценти изразија незадоволство од работата на актуелниот градоначалник и очекуваме победа во вториот круг, вели за УБ Кастриот Реџепи од БЕСА.

Гласачите на СДСМ не треба да имаат дилема на кого ќе ја дадат поддршката во вториот круг од локалните избори во Тетово

Целиот разговор погледнете го во видето

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − five =