Реџепи: Коалицијата со СДСМ се совпаѓа со нашите идеи – државниот интерес во прв ред

image

You must need to login..!

Опис

Касами во САД ќе има средби со помошник секретарот во Стејт департментот Филип Рикер, ќе има средби со конгресмени, со директорот на канцеларијата за Евро-азија на Стејт департментот.

За нас и не е некое изненадување поддршката од Вашингтон, бидејќи иако сме млада партија, во делувањето на партијата секогаш сме делувале за државниот интерес кој се совпаѓа со нашите стратешки партнери како држава – во прв ред САД, изјави во Утрински брифинг, Кастриот Реџепи, потпретседател на БЕСА.

Политичките опоненти имаат негативни реакции за коалицијата, и тоа не радува, бидејќи доколу би не фалеле значи не сме на правиот пат.

Што се однесува до нашите поддржувачи и општо, иако е ново предизборна коалиција, условно кажано помеѓу партии од албанскиот и од македонскиот блок, сепак е општо прифатено, бидејќи токму нашите симпатизери знаат дека нашето политичко делување било во интерес на нашите гласачи, поддржувачи и во прв ред државните интереси, рече Реџепи околу рекациите за предизборната коалиција со СДСМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 2 =