Реџепи за УБ: Субвенциониран и поевтин гас за секое семејство

You must need to login..!

Опис

Оваа Влада е фокусирана да донесе гас до секое семејство. Но не само да го донесе, туку и тој да биде поевтин. Сметам дека се направени и создадени сите предуслови. Во моментов градбата на двата краци кон Тетово, Гостивар и кон Битола. Во моментов очекувам до средината на годинава се тоа ќе биде завршено и до крајот на 2020 ќе бидат и оперативни. Дотогаш ќе треба да имаме склучено јавно-приватно партнерство на градбата на дистрибутивната мрежа. Се намалува и ДДВ-то на гас. Спремаме и пакет мерки да ги субвенционираме семејствата.

Просечно едно четричлено семејство во 80 квадрати стан, отрпилика за внатрешната инсталација ќе им треба околу 1.500 евра. Тос ќе биде субвенционирано со владини мерки. Социјални семејства сите ќе бидат субвенционирани, додека за останатите ќе биде направен оперативен план преку долгорочни плаќања, како што е со сите оператори.

Кракот до Битола за да биде завршен треба да се доработат уште 7-8 километри. Очекува дека во втората половина на оваа година целиот пелагониски регион ќе има гас, изјави во Утрински брифинг, Бајрам Реџепи директор на агенцијата за енергетски ресурси (НЕР).

Водно е веќе изградено. Бев во контакт со невладините организации и можем да им бидам благодарен за тоа. Придонесоа да се намали влијаните врз животната средина, додаде Реџепи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 7 =