Реџепи: Евентуалната коалиција – албанска опозиција и ВМРО-ДПМНЕ е приграбување на власта без никакви морални критериуми

You must need to login..!

Опис

Бевме свесни дека прв пат се прави предизборна коалиција помеѓу партија од македонски и од албански политички блок. Засега сме задоволни од соработката и односот помеѓу партнерите во коалцијата, изјави во Утрински брифинг Кастриот Реџепи, пратеник во Собранието и потпретседател на БЕСА и додаде дека движењето БЕСА било фактор на победата на коалицијата „Можеме“.

-Наш приоритет е спроведување на политики и се надеваме дека на тој план ќе го исполниме она што сме го ветиле.

За односите со ДУИ Реџепи вели дека таа е коректна и БЕСА придонесува за непречено функционирање на коалцијата.

-Не сакаме да играме игри како во минатото што правеа. Да бидеме дел од мнозинството а да се однесуваме како опозиција. За сите проекти кои се за добро на граѓаните соработката е коректно, вели Реџепи.

За време на изборниот процес имаше од партиите од албанскиот блок кампања дека БЕСА направила предавство со склучување на предизборна коалиција со СДСМ Ние бевнме свесни дека тоа ќе биде тешко, но опстојуваме во тоа што сме го направиле. Мораше да се плати на некој начин некоја политичка цена но повеќето од луѓето ова го прифатија како искрен потег, додава Реџепи.

Нашиот пристап ио делување и пред изборите и коалицијата е надолнување на Едно општество за сите – односно едно општество рамноправно са сите. Се залагаме за тоа затоа што сепак Македонија е држава каде што живеат повеќе етникуми. Затоа сакаме сите да ја чувствуваат државата како своја, да ги имаат обврските према неа, но и таа да возврати во нивните права. Мислиме дека со оваа коалиција односите можат уште повеќе да се релаксираат, да се унапредат правата и да се комплетира целиот мозаик. Во проектите кои што доаѓаат предлагаме и решенија за унапредување на колективните права, изјави Реџепи.

Говорејќи за пописот Реџепи вели дека не е разговарано за таа тема, но дека нивниот став е дека пописот е статистичка операција ослободена од политизација и согласно резултатот од пописот да не се чепка во стекнатите колективните и индивидуални права. Дефинитивно, попис е потребен, вели Реџепи.

Околу можната коалиција помеѓу главните опозициски албански партии и ВМРО-ДПМНЕ, Реџепи вели дека за разлика од коалицијата СДСМ-БЕСА, каде постои искрен и јасен однос за соработка, каде политичарите покажуваат лидерство, во овој случај е спротивното.

-Доколку во предизборниот период, во последните денови се даваше видеото од нападот на Села во Собранието и нон-стоп говореа дека неможе да има соработка со ВМРО-ДПМНЕ или најмалку претходно да се извинат на Албанците за се што направиле, сега гледаме променета реторика, дневна политика, да се приграбат што побргу до власта, без никакви критериуми. Добро е што сега барем сето ова е јавно и јасно, додаде Реџепи.

Говорејќи за спорот помеѓу Бугарија и Северна Македонија, Реџепи вели дека идентитетските прашања, правото на самоопределување и јази е неприкосновено.

-Целиот разговор со Кастриот Реџепи, пратеник во Собранието и потпретседател на БЕСА, погледенете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 1 =