Од : Ивана М. Лазаревиќ
You must need to login..!
Опис
Ретроспективната изложба „30 години уметност“ на академскиот сликар Решат Амети од е поставена во објектот Даут-пашин амам при Националната галерија на РСМ. „Мојата уметност е повеќе еволутивна, моите трансформации се постапни, повеќе сакам сликата да се движи и да расте заедно со мене, без да наметнувам некои интелектуални, филозофски теми со дух на спонтаност и тоа што го носиш во себе без да го маскираш и китиш со филозофски и естетски елементи, едноставно да зборуваш преку формата и бојата.

Првите мои циклуси беа лирска геометрија, така ги нарекоа ликовните критичари, а јас сакав да напавам симбиоза помеѓу човекот и природата. Потоа, оттаму произлезе циклусот посветен на традицијата, тој дојде спонтано без претходен филозофски концепт. Се инспирирав од балканскиот фолклор: албанскиот, македонскиот кои имаат сличности поради просторот, митологијата, начинот на живеење. Фолклорот е една експлозија на бои но не го имитирав, туку ја зедов енергијата на таа визуелна вредност.

Како растев така постапно растеше и мојата ликовна идеја“, вели Решат Амети за Утрински брифинг. Тој додава дека само во уметноста може да се биде искрен до крај. „Талентот не го дава ниту ликовната академија, ниту институциите, ниту државата и треба да се почитува тоа и да се идентификува со таа голема сила и да се надоградува. Уметникот треба да е веродостоен и никако не смее да стане мимикрија на некоја друга вредност, на пример на европската култура.

Често за да бидеме успешни, проевропски, светски, стануваме плагијатори, имитатори а не го произведуваме она што е наше“, вели Амети. Јубилејната изложба на Решат Амети може да се посети до 29 ноември.
Tags
Слични видеа
Старова Ќерими: Годинава ќе се реновира спомен куќата на Лазар Личеноски
Спомен куќата „Музеј на Лазар Личеноски“ е еден од најважните проекти на Националната галерија на Република Северна Македонија и годинава т
Првиот човек на Агенцијата за филм, Лазаревски: Нема да се дозволи филмските работници да останат без работа
Формула за исплата на плати на вработените се пронајде преку Министерството за Култура и УЈП, но во делот на конкурсите, затоа што недостасува
Како се гради маркетинг агенција со светски успех во Македонија, разговор со Молеровиќ, основач на маркетинг-агенцијата LeanSEM
Ненад Молеровиќ е Македонец кој се враќа од Америка каде што работел како дигитал маркетинг-директор во повеќе компании, меѓу кои и UpWork. Таму ј
Како до консолидација и редефинирање на фискалната позиција на државата, разговор со проф. Треновски
Неопходно ќе биде да се воведе корона данок, по примерот на воениот данок од 2001 година и радикално да се реструктуира стопанството, но и образо
Пандемијата ги одложи културните настани во социјалниот центар „Дуња“
Единствениот социјалниот центар во Македонија „Дуња“ кој постои од 2016 година, поради глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот, г
Проф. Тодороска: Најавената квази реформа во образованието е обезличување на македонскиот народ
По официјалното промoвирање на Концепцијата за основно образование од Министерството за образование и наука, дел од научниот и професорски к
Андоновиќ: Кина ја саботира истрагата на СЗО во Вухан – втората година од пандемијата ќе биде потешка
По речиси година дена Тимот на лекари од СЗО конечно доби дозвола да пристигне во Вухан каде ќе имаат еден месец да утврдат како настанала и ка
Славчо Попоски: Викендов сончево и многу студено време
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северо
Утрински брифинг 15.01.2021
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 07:30-10:00 часот, низ динамична програма составена од актуелни информации, анализи и разг
Велковска од Охрид SOS: Ние сме земја на демагогија – на терен гледаме корупција, криминал, а институциите ништо не преземаат
Институциите добија нов извештај од УНЕСКО за состојбата во Охрид, со што останува неизвесно дали регионот ќе биде впишан на листата на светс
Разговор со Сара Миленковска за акцијата Сподели авторка
Идејата на иницијативата „Сподели авторка“ е да се најде начин како да се обезбеди феминистичка литература и да се приближи женското творше
Бабовски: Граѓаните јадат безбедно овошје и зеленчук
Целиот процес на работа се одвива нормално. Увозот и извозот на прехранбени продукти се одвива тековно, секако како што налага ситуацијата. Не