“Рециклирај и донирај” хуманитарен проект на “Суниленс”

You must need to login..!

Опис

Познато е дека употребеното масло за јадење има голема улога врз загадувањето на животната средина. Со цел да се намали загадувањето на водите и почвата се препорачува селектирање и рециклирање на маслото за јадење. 

Рециклирањето има и хумана мисија доколку се одлучите маслото од вашето домаќинство да го предадете на компанијата „Саниленс“ а за возврат на тоа може да добиете половина литар сончогледово масло за готвење, или да се откажете од маслото и да одлучите да го донирате на семејства од социјален ризик. Андреј Ѓокиќ, менаџер за управување со отпад, денеска во Утрински брифинг рече дека компанијата од 2009 годинка работи на преработка на употребеното масло за јадење, со што дава придонес во креирање и развивање на зелената економија, но од 2017 година е вклучена во кампањата „рециклирај и донирај“, која на граѓаните им овозможува да бидат хумани.

-Маслото од прехрамбената индустрија претставува голем проблем бидејќи може да го запуши канализациониот систем и сериозно да ги загади реките и езерата и чистата вода за пиење. А познато е дека отпадното малсо за јадење никогаш не смее да се реупотребува откако еднаш ќе се искористи. Идејата е да се најде права економска вредност од овој отпад, но и да се заштити животната средина. Секое домаќинство може да не контактира и да добие кантичка од 3 литра, и откако ќе ја наполни ние повторно одиме до секое домаќинство кое ќе не повика, ја земаме кантата со искористено масло и нудиме половина литар сончогледово масло за јадење кое можат да го земат или да го донираат, објаснува Ѓоќиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 9 =