Рефлексот на локалните избори врз националната политичка сцена – не сфаќајќи ги последиците Алијанса послужи како понтонски мост за ВМРО-ДПМНЕ

You must need to login..!

Опис

Неделната колумна на Љупчо Поповски неделава е посветена на локалните избори. Тој смета дека локалните теми не може и не смее да се префрлат на национално ниво. Но, самиот Заев отиде најдалеку.

-Јас мислам дека тоа е мобилизација на членството. Иако Заев тоа го кажа, тој буквално не рече дека ќе поднесе оставка. Тоа се води од т.н. фаталистичко гледање на политиката – ако го немаш Скопје, не можеш да владееш со Македонија. Не знам од каде таа логика. Иако ако ја немаш поддршката од централната власт, како градоначалник тешко дека ќе можеш да ги спроведеш ветувањата, но има други модуси, вели Поповски.

Очигледно е дека во Македонија сите избори добиваат национални димензии, што се должи на слабата децентрализација.

-Владата на општините им прости дел од долговите, па сега некои градови се нула. Сега новото раководство треба да знае како да управува и да не се задолжи. Стар Аеродром се гради неверојатно, буквално стана фавела и има нехумани услови за шивеење, затоа што општините немаат друг начин на приход освен комуналии. Градоначалникот не размислува за други опции, вели Поповски додавајќи дека во ваква ситуација е неможно да се прават паркови.

Во Советот на град Скопје ситуацијата е многу шарена, мнозинство нема, па мнозинства ќе се прават од ситуација до ситуација.

-Тоа е добро затоа што генерално во најголем дел општини претходно советите беа партиски структури азвисно кој го има мнозинството. Сега тој што ќе стане градоначалник ќе треба да внимава на своите одлуки дали ќе поминат во советот, оти во спротивно нема да важат, коментира Поповски.

Што ќе се случува понатаму?

-Ако СДСМ успее да врати дел од тие загубени општини, особено во Битола и Скопје. СДСМ и Алијанса за Албанците ќе треба сериозно да размислат за своите внатрешни проблеми. Заев треба да сфати дека тоа што беше заврши и сега треба нешто ново. Тоа може да го постигне. Но, за Алијанста резултатите се многу лоши, изгубија 30 отсто од гласачкото тело со што само му помогнаа на ВМРО-ДПМНЕ. Села и Таравари изгледа не разбраа што може да се случи со понтонскиот мост што му го направија на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на сцената, вели Поповски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 5 =