🎥 📞 Ременски: Уставот е јасен – распуштено Собрание може да се состане и во случај на вонредна и воена состојба

You must need to login..!

Опис

Сите ние, пратеници во овој парламентарен состав имаме мандат до верификација на мандатот на следниот пратенички состав. Така што нашиот мандат трае и Уставотворецот дал одредени правни можности и ситуации во кој случај и така распуштено состание да заседава и донесува одлуки во интерес на состојбата во која се наоѓа државата, изјави за Утрински брифинг, Фросина Ременски, потпретседател на Собрание на РСМ.

-Кога ќе ги слушате дебатите се добива впечаток дека повеќе аргументи се даваат зошто Собранието не треба да се свика и да верификува одлуки за прогласување на вонредна состојба, а со тоа да даде поравна валидност и сила на уредбите што ги носи владата. Од друга страна имаме многу малку мислења кои што се на страна на аргументите и целосното толкување на уставните одредби. Деновиве, кога се најави иницијативата за свикување на парламентот од страна на пратеници, преовладуваат, дури и за мое чудење, експертски мислења кои не ги читаат целосно и дословно не ги интерпретираат уредбите од Уставот и одлуките од Уставниот суд кои се извор на правото, а даваат и наметнуваат обрска Собранието да верификува вакви одлуки од кои произлегува правната слика и валидноста на уредбите кои ги носи Владата, вели Ременски.

-Со Џафери имаме комуникација. Конкретно немам разговарано на конкретните прашања, освен што ги слушам неговите аргументи кои ги изнесува во јавноста, што е негово легитивно право. Но секако и пратениците имаат исто така легитимно право да поднесуваат иницијативи пред претседателот на кои тој треба да одговори. Не навлегувам во тајмингот кога ќе одлучи по иницијативата, верувам дека ќе биде многу брзо. Очекувам да има поинакви аргументи од оние кои беа даадени во месец март. Сега имаме поинаква ситуација, односно истечени рокови коишто во Уставот се определени со одлука за самораспуштање на собранието. Собранието сметам дека час поскоро треба да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба, а со тоа да се даде валидност и верификација.

-За јавноста е многу важно да има претстава за тоа на што инсистираат пратениците. Пратениците инсистираат на духот на парламентарната демократија и воспоставување на вистинскиот однос помеѓу властите и дури и во вонредна состојба, вели Ременски.

-Не би можела да оценам што се крие зад ставот на опозицијата, но не можам да разберам зошто верификацијата и легитимирањето на тие одлуки кои се алфа и омега во валидноста и правната сила на уредбите да бидеверификувана во Собранието како што тоа го налага Уставот. Уставот не ја дава можноста на претседателот исклучиво да донесе одлука, туку ја наметнува и обврската таа одлука да биде потврдена во собранието кога ја има таа можност да се состане. А Уставот во 2016 ја дава таа можност токму преку решението со кое што се вели дека може да се состане и распуштено Собрание во случај на вонредна и воена состојба. Ние таква состојба имаме и зачудува и демократскиот капацитет на многу интелектуалци кои с епротив свикувањето на парламентот, во ситуација кога има најголеми ризици за правен волунтеризам, додаде Ременски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 1 =