Ременски: Македонија е земја каде сѐ уште параполициски, обвинителски и судски структури местат процеси

You must need to login..!

Опис

-Една од моите тези зошто јас сум во ваква ситуација и аргументираме правосуден, судски процес кој што од ден на ден добива на својата апсурдност е можеби затоа што не молчам и можеби затоа сум до тука , во оваа ваква постапка. Тоа е одговорот на сите можеби злонамерни коментари кои велат дека јас од вчера сум почнала да коментирам нешто, кое што можеби лично ме засега, но факт е дека 21 година сум во академско- истражувачките води, професор на факултет за безбедност повеќе од 19 години. Јас и по вокација и по професионален пристап сум ги анализирала сите поголеми судски случаи и сите поголеми полициски акации. И за Бродец, Калдрма, Змијско око, Шпиун, Пуч, Ликвидација, Мартин Нешковски, Криминалната набавка и злоупотреба на МОН и МВР во опремување на лабаратории, злоупотребата н амоќта и конструкцијата на политички монтираните случаи, се предмет токму на тие методологии на истражување на криминалитетот што ги предавам на три циклуси студенти и не може да има терорија да не може да биде поврзана со практика. Денеска се доведов во ситуација јас да си го разголбувам на парчиња, по однос на полициско – обвинителско и судско постапување, апсурдниот случај во кој што јас сум ставена без елементи на кривично дело. Таа професионална вокација, верувам дека во овој случај ќе му поомогнне и на судот, но и да придонесе до прочистување на јавното обвинителство и правосудните редови, изјави во Утрински брифинг, професор д-р Фросина Ременски.

Зачудува латентната политичка и политиканска реторика на Јавниот обвинител Вилма Русковска. Јас строам на тоа што го зборувам. Ова е навистина нешто што наликува, токму на она што јас го нотирам и знам како функционираат оние удбашко-параполициски договарања во спрега со ЈО. Не може политички да се тера кривично-правен процес, Обидот за ПР наметнување на приказна, да се создаде неков привид за некаков случај, за некакво постапување, јас го гледам од почетокот на 2019, да не кажам со случајот „Рекет“, што продолжи со монтирање на овој случај (Меѓународен сојуз) за д асе заборават факти кои што Јавното онвинителство не ги одбрани и докажа во „Рекет“.

Но ако денеска ја прашате Русковска да ви даде одговор за бегството на Никола Груевски, да ви даде одговор што направила, што направила по случајот „Двојник“, таа заборава една многу јака дефиниција за оргнаизиран криминал, дека тој по правило, криминалните структури создаваат параинституционална структуира, систем за заштита од идно кривично гонење. Нема случај во нашата поблиска историја кад еќе видите ПР стратегија која што ќе наметнува теза која треба да ја докажува, а не да бега од тезите во судските постапки, вели Ременски.

Мојата перцепција, барем она што го гледам во овој предмет е дека судијата е прилично независен и самостоен во одлучувањето. Секако има некој акалкулација, но не до степен да може да се забележи како негатива. Но факт е дека судијата прифати да се изведат докази кои што се комплетно спротивни на тезата на ЈО. Замислете ЈО кое што во 2017-18 постапувало по овој предмет, под соменвање за перење пари и други приноси од кривично дело во која што ја сомничи жената која што ги подгнала парите и која што под притосок на јавноста по година и пол, значи во таа фаза на монтирање и креирање на тој јавен интерес за овој предмет, вели дека е ограбена, а не пријавила кривично дело. Значи таа госпоѓа во овој предмет добива статус, кој е непоимлив во обвинителската и полициксат апракса да биде сведок, а да не бидат решени претходно правните прашања што се задолжителни за ЈО, дали имало кражба, вели Ременски.

Кривично дело измама и кривично дело кражба со познати сторители, па дури и изнуда во делот на „Рекет“ се расчистува во полиција за 48 часа, ако има пријава од оштетен, ограбен или изнуден. Вие овдека имате нерасчистени работи и по закон и во постапка. Немате пријава за измама од лицата за кои што Русковска вели – не чекајте, јас ќе ви кажам дека сте измамени. ТИе повеле граѓански постапки повикувајќи се на догоорите кои што биле потпишани од лицата кои што на чуден начин добиваат статус на сведоци во оваа постапка. Фросина Ременски која што нема никаква формално-правна улога во „Меѓународен сојуз“, ниту пак е било каков потписник на некој облигационен документ помеѓу страни во овој случај, замислете е помогач, а овие стварните помагачи што по статут имаат функција и се потписници токму на тоа што обинителството го тврди дека е измам се сведоци. ЈО по сите парамтри сака да спречи кривчна одговорност за лажно сведочење на лицата кои не се сведоци во ваков случај.

Македонија е сѐ уште земја каде полицијата обвинителството, судовите знаат да местат процеси. Монтираните процеси се монтираат во структурите, првично во полицијата, продолжува во ЈО, и таа теза продолжува во суд. Ако се сеќавате во „бомбите“ каде еден од соговорниците е Јанкуловска, се вели „па не мора се да му дадеме на јавниот обвинител“. Тоа кажува дека првичната селекција на тоа кој ќе биде во предмет, што ќе се прикрие од одреден кривчно-правен настан, на кого ќе му се наплепи кривично дело, а кој ќе се извлече од докази обезбедени за кривично дело е полицијата. Потоа тоа продолжува да се менаџира ово ЈО и ПР технологијата која што последните години ја гледаме.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × five =