Ременски: Кој не влегол во судски лавиринт не може да сфати што значи чувството за невиност да биде доведено под прашање

https://youtu.be/8eyZ3RO_YNA

You must need to login..!

Опис

Неделава беше објавен извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во земјата каде имаше поголем осврт кон состојбите во затворите и правосудството.

-Во случај кога институциите на прогон не постапуваат во согласност со процедурите влегуваат во активност на антикриминалистичко постапување то значи создавање фингирање постапки, вели професорката Фросина Ременски за Утрински брифинг коментирајќи го случајот „Меѓународен сојуз“ во кој и таа беше обвинета и доби ослободителна првостепена пресуда.

Тој случај, вели Ременски, беше создаден за ПР, па оттука смета дека не треба да го коментира исходот со истите методи.

-Некој кој не влегол во тој судски лавиринт не може да сфати што значи чувството за невиност да биде доведено под прашање, вели Ременски.

Затворот во Идризово е најголемиот затвор во Македонија каде што се сместени 60 отсто од затворениците. Таму има сериозно лоши услови.

-Лоши услови има во сите затвори, но Идризово и Истражниот затвор Скопје се посебен проблем. Таму не се инвестира во здравството, затворениците немаат здравствено осигурување, ниту се инвестира во образованието. Освен тортурата и високиот степен на корупуција кај чуварите и управата, во извештаите за земјите во регионот не содржат олку сериозно загрижувачка слика за состојбата во затворите, вели проф. Фросина Ременски за Утрински брифинг.

Таа додава дека невложувањето во затворите може да создаде покриминогена средина и затвореникот кога ќе излезе од затвор нересоцијализиран, тој ќе се врати назад во затвор. Нема образование ни за малолетниците, коментира Ременски и додава дека децата затвореници се сериозен проблем, тие се под седативи, немаат рекреативно едукативна програма.

-Кратењето на финансиските средства е една од причините за лошата состојба во затворите, како и кратењето на кадрите што би требало да работат таму. Во Идризово порано се произведуваше храна, беше самоодржлива единица, а затворениците работејќи имаа чувство на корисност. Општествената стигма на затвореник е страшна и создава проблеми потоа, вели Ременски.

Во санирањето на состојбите со затворите треба да учествуваат повеќе министерства, не само Министерството за правда, а за решавање на проблемите може да се користи и јавно-приватно партнрство, но за тоа е потребна пред сѐ волја.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two × three =