Ременски за УБ: По целосна материјална и кривична одговорност, ниту во директна, ниту во индиректна релација и врска немам никаква допирна точка со семејството Камчеви

You must need to login..!

Опис

За бомбастични насловни страни беа добри, но не одговораа во контекстот во кои се кажани работите. Јас искрено дословно не се сеќавам на редоследот на таа комуникација, но можам да кажам дека е сигурно комуникација во тој медиумски интерес и екслклузива кои што ја бркаа медиумите во тој период.

Во целиот тој период на збиени политички настани по однос на многу прашања со Уставот, Законот за амнестија, претпоставува дека медиумски интерес бил многу повеќе фокусиран на решавањето на притворски предмет од СЈО и во тој контекст на медиумски интерес била и таа преписка.

Ќе ја искористам оваа прилика бидејќи се вадеа од контекст пораките од страна на некои новинари кои не ме побараа да дадам свое мислење за таа преписка, сакам да кажам дека најодговорно, по целосна материјална и кривична одговорност, ниту во директна, ниту во индиректна релација и врска немам никаква допирна точка со семејството Камчеви, со Орце Камчев, ниту со случајот „Империја“, освен во оној временски период кога нашата политичка партија излезе со ходограм кој што го објавуваше тогашниот портпарол Петре Шилегов.

Знам дека имаше една таква ситуација кога се објасуваше таа мрежа на „Империја“. Тогаш повеќе ме интересирало полициското постапување во бегството на Груевски, па и непостапувањето на полицијата дури и по овој случај, имајќи во предвид дека и во судница и од страна на сведоци се искажаа индикативни работи за обвинителството, а тоа е како си дозволи полицијата и по одредени информации од страна на сведокот Ана Камчева дека се знаело за одредени дејствија, а не се преземало ништо во однос на тоа и биле потребни повеќе од 5 месеци да се пристапи по реализација на овој случај.

Јас имав средби со Вилма Русковска и доколку таа имала некаков сомнеж во врска со таа моја преписка или информација како што беше кажано вчера, можела да ме праша и ќе го искористам она слично толкување кое што го кажа судијката Кацарска, дека не е соодветно во ваков контекст на неразјаснети околности да се изнесува сознание или да се нуди доказ кој што можеби е нарачан во контекст на нечие инволвирање во нешто што не е во тој контекст како што е тоа кажано, изјави за Утрински брифинг потпретседателката на Собранието Фросина Ременски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 3 =