Ременски за „Слободен печат“: Со Боки 13 се запознав кога ненамерно ја спасив мајка му од отказ

You must need to login..!

Опис

Поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски во утрешното интервју за „Слободен печат“ зборува за случајот „Рекет“ и нејзината поврзаност со осомничениот Бојан Јовановски.

Кога ја слушнав изјавата, претпоставувам дека биле и новинарите присутни, ми провеаја одредени сомнежи и потврда за одредени сомнежи. Исто така убедена сум и знам дека јавно обвинителското постапување и било какво службено постапување на службено лице не дозволува примена на непринципиелни незаконски дејствија во изнуда на некаков исказ, некакво признание за нешто што не соодветствува и не кореспондира со вистината, изјави Фросина Ременски за тоа дека Бојан Јовановски во судница рекол дека му е нудена слобода за замена за исказ дека Ременски зела пари од Меѓународен сојуз.

Запрашана за нејзината релација со Бојан Јовановски, таа одговори дека јавноста изминатиот период сведочеше, како што го нарекува „општествено и индивидуално“ лицемерие. Со Бојан се запознала кога ненамерно ја „спасила“ мајка му од отказ во Министерството за Труд и социјална политика.

– Додека на човек не му се случи нешто сите сме во ред со неговото однесување. На сите ни е добар за дружба, за на маса, меѓутоа кога ќе се најде во неволја сите се дистанцираат.

Тука е најголемото општествено лицемерие кое го живееме за Бојан Јовановски. Бојан го запознав сосема случајно. Имено, во периодот кога дознав дека во борбата со кадровските непринципиелности што се водеа за време на мојот мандат како технички министер за труд и социјална политика, дознав дека сум „спасила“ неколку вработени од отказ од работа, затоа што пријавиле криминал во секторот во кој работеле.

Го запознав по негова желба да ми се заблагодари за спасот на неговата мајка, но во тој период.

Тој беше своевидна служба за социјални работи во тоа време. Не е убаво да ги заборавиме гестовите кои ги правеше за многу семејства. Во таква една спонтана комуникација ние станавме пријатели кои делеа идеи, размислувања за општествени состојби. Секој што го познава Бојан ќе каже дека е добар за друштво и принципиелен другар. За жал многумина не сакаат тоа да го признаат. Моето познанство е можеби помало од она што Бојан го имаше со други мои сопартијци и други лица од бизнис заедницата, вели Ременски.

Целото интервју погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 16 =