Реконструкцијата на Кејот на Вардар се очекува да заврши до јуни

You must need to login..!

Опис

Најкасно до јуни ќе финишира реконструкцијата на Кејот 13 Ноември, каде што веќе цел месец се одвиваат градежни активности, рече денеска во Утрински брифинг портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

-Градежните работи се одвиваатспоред планираното, сите сопственици на локали се согласија да ги отстранат летните тераси, со што се овозможува непречено одвивање на работите. Очекуваме до крајот на мај или најкасно до почетокот на јуни овој простор да биде пуштен во употреба. Најважно е тоа што ќе биде обезбеден простор за движење на пешаци и велосипедисти, како и за лица со инвалидитет. Ќе бидат поставени столбчиња кои ќе го оневозможат паркирањето на автомобили, ќе има високо зеленило – дрворед, поставување на клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардињери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување,  и тоа се на површина од 12.500 метри, рече Салиху.

Ќе биде направена и сервисна улица која ќе ја користат вработените во Телеком, но истата ќе биде отворена само во утринските и попладневните часови. Дотурот на роба ќе се одвива преку Градскиот трговски центар.

-Реконструкцијата на Кејот ќе чини околу 90 милиони денари а тоа значи двојно помалку одколку фонтаната на плоштад во која втор пат пропадна возило, вели Салиху. Сопствениците на локалите ќе добијат можност да ги прошират постоечките тераси за смета на тоа што мораа да ги урнат монтажните летни тераси во средишниот дел од Кејот. -Ние имавме неколку состаноци со самите сопственици и можам да кажам дека немавме никакви проблеми ниту противења во процесот на договарање. Идејата е добра, тие го сфатија тоа од самиот почеток и најдовме заеднички интерес. Ние ќе добиеме поголем простор за уредување, а тие ќе добијат проширување на терасите кои ги имаат во моментов, вели Салиху.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 7 =