Резиме на ЗОИ 2022

You must need to login..!

Опис

Олимписките игри беа затворени во неделата, но олимписката приказна се уште не е завршена. Следува параолимпијадата и со нејзиното затворање се заокружува олимпискиот процес, изјави за Утрински брифинг новинарот на Слободен печат, Благоја Георгиевски.

-Игрите во спортска смисла ќе бидат запаметени по бучеството на 91 земја, 2871 спортист учествуваат. Беа поделени рекордни 109 сета медали. Норвешка има рекорд и е прва во листата на медалисти и освои 16 златни медали што е рекорд до сега.

-Камила Валијева е една трагична фигура. Нејзиниот прв настап во екипниот дел беше оценет како нешто досега невидено. Таа направи три-четирикратни свртувања во воздух. На едното падна, но беше оценето како нешто невидено. Коментарите во цел свет беа неподелени – дека се работи за иако 15 -годишна, се работи за најголемата лизгачка на сите времиња.

-Еден потоа дојде оној извештај за анти-допинг тестирањата од швајцарската лабораторија, каде што примероците биле земени во декември. Нема објаснување од швајцарската лабораторија зошто толку долго се чекало за да стигнат во Пекинг, еден ден после настапот. Случајот допрва ќе се разрешува.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 × 2 =