Режисерот Ристески: „Снежана на крајот умира“ не е типичен мрачен балкански филм

You must need to login..!

Опис

„Снежана на крајот умира“ е прв македонски филм што беше избран во официјалата програма ма „Слемденс“ фестивалот кој по „Санденс“, е втор по значење фестивал на независни филмови. Годинава „Слемденс се одржа од 27 јануари до 6 февруари, онлајн заради пандемијата, во Парк Сити, Јута истата локација како Санденс. „Слемденс“ промовира дебитантски филмови, а македонскиот филм на режисерот и сценарист Кристијан Ристески беше избран во конкуренција од 8100 филмови.

„Филмот го пријавивме регуларно, на нивниот вебсајт, некој го гледал, му се допаднал филмот и така се најде во официјалната конкуренција“, вели режисерот Ристески.
Филмот имаше повеќе рецензии во странски медиуми кои се исклучително позитивни, така во една рецензија филмот го споредуваат сославниот „Магнолија“ на Пол Тоамс Андерсон. Друга пак рецензија вели дека филмот е изненадувачки и воопшто не е нешто веќе видено што е сама по себе е препорака да се гледа.

„Од неколку причини не ангажиравме публицист што е вообичаено кога филмот се промовира на странски фестивали, една од причините беше што фестивалот се префрли во онлајн форматТоа не е добро за филмот и кога се наградите во прашање, но изненадувачки филмот имаше одлична медиумска покриеност, мислам дека најмногу се должи на тоа што се работи за американски фестивал бидејќи таму многу посериозно, во бизнис смисла, гледаат на филмовите и елементот на продажба е многу позастапен и многу повеќе се внимава отколку на европските фестивали“, вели Ристески.

Тој додава дека македонската премиера на филмот „Снежана на крајот умира“ ќе зависи од состојбата со ковид пандемијата. „Сакаме да направиме стандардна кино дистрибуцуја како што заслужува секој филм, како што не беше случај последниве години. Чекаме ситуацијата да се подобри, би било идеално во кино да влезат сите и тие што се вакцинирани, прележани, едноставно да се нормализира ситуацијата, за да може што повеќе публика да го види филмот“.
„Снежана на крајот умира“, е социјална драма во амбалажа на комедија на апсурд, која се занимава со тоа колку е ужасно тешко да се остане чесен и верен на своите вредности во морално корумпирана средина.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски.
Филмот е македонско-кипарска ко-продукција, меѓу продукциските куќи „Вертиго Висуал“, од Македонија и „Карета Филмс“, од Кипар, а финансиски е поддржан од нашата Агенцијата за филм и од Филмскиот фонд на Кипар. Продуцент на филмот е Дарко Попов, кинематографери се Димо Попов и Севдије Кастрати, монтажер е Горан Вуќиќ, композитори се Александар Пејовски и Ставрос Макрис, сценограф е Сашо Блажевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine + ten =