Режисерот Поповски: Кога бев помлад успехот не ни беше најважен, денес младите ги учат дека мора да бидат успешни

You must need to login..!

Опис

Македонскиот театарски режисер Александар Поповски, на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград ја постави претставата „Алиса во земјата на стравовите“, чија што премиера се одржа на почетокот на февруари. „Нема сомнение дека ова ќе биде една од најгледаните претстави на реперотарот на ЈДП и дека ќе се игра долго по премиерата“, пишуваат дел од српските медиуми.

„Приказната за Алиса за мене е дамнешна фасцинација, мене тој лик многу ми се допаѓа, исто и нејзиниот принцип да кога пропаѓаш низ една дупка да не се плашиш како ќе паднеш и да не се плашиш од она што те чека долу, туку да гледаш, да истражуваш, да комуницираш со работите. Такаи себе си се доживувам , како Алиса која пропаѓа низ една дупка. Втората работа која ја има во претставата, а ми се чини се’ поприсутна во реалноста е феноменот на времето, односно немањето време. Ние со начинот на живот го скратуваме времето и на тој начин ја убиваме креативноста. Немањето време доведува до немање креативност зашто работите мора да ги испорачаме. Младите генерации се соочуваат со тоа дека ако до 35 години не си ги завршил сите работи од семејство, деца, професија, кариера…потоа животот како да треба да заврши, ќе ги завршиш тие работи и нема развој, нема понатаму…И тоа е тој притисок кој што се прави. Бо претставата Алиса е девојка на свои триесетина години, со дел од животот кој поминал во кој морала да плати и за сопствените и за туѓите грешки.

Критилите се и многу добри, но има многу лоши, но она што мене ми е интересно, според писамата и реакциите што го добиваме главно од помладата публика е дека Милена Радуловиќ, актерката која во јавноста стана позната по не така добри работи, сега стамнува хероина на новата генерација“, вели режисерот Александар Поповски за Утрински брифинг.
Поповски додава дека е можно да се реализира гостувањесо оваа претстава на ЈДП од Белград во МНТ во Скопје.
Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × 1 =