Ревизијата покажа дека треба посериозен пристап во начинот на управување со капиталните инвестиции

You must need to login..!

Опис

Патриотизмот не се докажува само со удирање во гради и со веење на знамиња, патриотизам се докажува и ако правите нешто со што не и давате задолжение на државата да си „брцне“ во џебот и да плаќа заради вашето несовесно работење или неработење.

Државниот ревизор влегува во разработка односно ревизија на јавниот долг. Како се одлевале парите, односно како се трошеле?

-Ревизија на јавниот долг е направена по втор пат. Со самиот ревизорски извештај констатиравме одредени состојби каде што секоја држава во услови на ковид пандемија изнаоѓа свои начини и политики за задолжување на државата.

-Секако дека јавниот долг претставува еден од начините на зголемување на јавниот долг претставуваат и платените провизии за земените кредити, односно за ненавременото повлекување на кредитните транши за одредени капитални инвестиции, изјави во Утрински брифинг Максим Ацевски, главен државен ревизор.

Ацевски вели дека ако се проучи детално самиот ревизорски извештај за јавниот долг, таму се дадени информации за пругата Бељаковце – Куманово каде што за одреден временски период се очекува да се платат казнени пенали на терет на државата од околу 4.35 милиони евра.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine + six =