Рашиди: Бараме одговори, ако не ги добиеме ќе побараме интерпелација за Спасовски

You must need to login..!

Опис

Се ближат локалните избори, ЛДП излесе од пратеничката група во Собранието и реши да настапува самостојно но потврди дека и понатаму ќе ги поддржува политиките на Владата.

Алијансата за Албанците е посебен политички субјект но се поизвесно имајќи предвид дека коалицијата А/А делува перфектно на локалните избори ќе одиме заедно. Сега се подготвуваме за што подобар настап на овие локални избори и можам да кажам дека ние ќе настојуваме да се натпреваруваме во сите општини каде што живеат Албанци.

Мислам дека сега имаме шанси на овие избори да победиме во секоја од овие општини вели за УБ пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди.

Околу последните случувања со бегството на Мијалков , Рашиди смета дека е потребна одговорност од министерот Спасовски.

Бараме одговорност за последните случувања со бегството на екс директорот на УБК Сашо Мијалков од органите на прогонот. На овој случај гледаме исто како и на случајот со бегството на Никола Груевски. Мијалков беше најголемото зло на претходниот режим и затоа доколку не бидат дадени одговори ќе побараме интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + 20 =