Рахиќ: Виделе дека ослободуваат притвореници во други држави па бараат и од затворот во Шуто Оризари да бидат олсободени

You must need to login..!

Опис

Паниката која се шири во затворот во Шуто Оризари не е главно поради корона вирусот туку создадена е по информациите дека некои влади ги пуштиле притворениците во домашен притвор, што наиде на такви барања и овде, вели директорот на затворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ.

Рахиќ во Утрински брифинг потврди дека при прегледот на неодамна починатото лице, биле утврдени полесни симптоми, кога дошло во затворот, а по обдукцијата утврдено е дека било позитивно на Ковид 19.

„Кај оние кои контактирале со него нема корона. Од првата линија, шестмина полицајци се во карантин по непосреден контакт со лицето. Но паниката беше предизвикана од една друга причина. Слушнале одредени влади дека пуштале лица дома и оттаму и овде барањата. Набавени се брзи тестови, 25 притворени лица се тестирани и кај ниеден нема позитивен тест“, изјави Рахиќ.

Тој соопшти дека на 18.март со директорот на Управата за санкции разговарале одредени лица да бидат пуштени во домашен притвор, главно лица со полесни казни кои ги исполнуваат условите.

„Одреден дел на притворени луѓе можат да бидат пуштени затоа што седат внатре, а обвинети се за престапни прекршоци. На некои од нив завршена им е истрагата и очекуваме од Владата да излезе во пресрет да се релаксира состојбата“, рече Рахиќ

Тој смирува и дека во затворот редовно се дезинфицираат просториите по употреба.

Но она на што апелираше е многу построги мерки од полицијата и Обвинителството за лицата кои секојдневно го прекршуваат полицискиот час, бидејќи вели и самиот е сведок како групи од граѓани го прават тоа неодговорно.

„Можеби треба да дојдат на месец или два овде да поседат“, потенцираше Рахиќ за прекршителите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × one =