Рафајловски: Криминалот и нефункционалното Собрание ќе го блокира планот за инвестиции од 8 милијарди евра

You must need to login..!

Опис

-Секогаш сите во светот сакаат да читаат бајки. Затоа и толку години се читат и Андерсен и Ла Фонтен, браќата Грин. Но ние сме во ситуација на бајката „Штурчето и мравката“. Македонија повеќе ја гледам како штурчето, цело е време е во лето, свири и мисли дека и е добро, но кога ќе дојде зимата ќе треба да се плаќа. Плаќањето и зимата во Македонија на неколку пати дојдоа и видовме дека е многу тешко да се излезе од зимата, ама ситуацијата и волјата да се произведе вишок на позитивна енергија секогаш тргнала погрешно. Имаме апсолутно нестабилна политичка клима, од 2015 година, а од 2012 имавме полу диктаорски режим. Диктаторските режими сакаат да се зачуваат себе си , а не прават пари, полудиктаторски се прават пари, себе си се чуваат, две лубеници носеа под мишка и прснаа двете. И кога ќе ја земете таа ситуација во целина, во 2015 почна многу сериозна политичка криза која до денес не е завршена. Како вие ќе направите општествено окружување кога имате Собрание на годишен одмор. Како сметаат дека ќе поминат една ваква програма од 8 милијарди, па и да е најреална на свет, кога имаат апсолутно нефункционално Собрание. Затоа двата македнски и албански политички субјекти треба да седнат и да направат програма, не од 8, ако треба и од 20 милијарди во 10 години. Јас сметам дека само експертска влада може да ја заротира и да ја започне таа програма вистински да се имплементира. Експертска влада која нема да има политичка иднина, која нема да го дели бизнисот и да биде во владата, ќе го тргне замаецот, ќе направи патокази и сериозна законска регулатива и релна економска ситуација која ќе донесе сериозно помрднување на Македонија напред, изјави за Утрински брифинг Горан Рафајловски, стопанственик и финансиски консултант.

Зошто е потребна експертска влада? Се почесто имаме министри без никакво животно искуство. Тие деца треба да бидат во тимовите во министерствата, да учат. На толку важни позиции, на толку млади години, брката генерација која ве гледа дека политички сте направиле кариера, а тој што се трудел да биде што подобар на факултет, во работата, едвај наоѓа работа и сака да си оди. Ние така сериозен дел на младата популација ја изгубвиме во нашата земја. Претеравме со детската градина. Вистина е дека младоста треба да донесе енергија, но затоа се спојува искуството со младоста. Младоста да ја даде енергијата, а искуството да ја води таа енергија. Еве еден пример – ние го потрошивме еден Бранко Црвенковски во 45 година. Тогаш кога требаше да почне и да даде, беше веќе политички потрошен. И има еден куп такви примери, вели Рафајловски.

-Четирите политички чинители да застанат и да кажат – еве ви две години, сработете, тргнете го тркалото, ќе работиме и ќе покажеме што знаеме. Нивната политичка волја мора да се види. Затоа и оваа програма нема д апомине. Вас ако не ви се одобрени 8-те милијарди од ВМРО-ДПМНЕ или пак од друга албанска партија од опозиција – кога ќе ви поминат во Собранието: Никогаш. Економијата зависи од општественото уредување, нашето општествено уредување е во сериозна криза и затоа мора да го поправиме. Единствен начин да се поправи тоа е некој да ја преземе одговорноста за се она што е правено лошо, да истера две години и да остави за Македонија, бидејќи и земјава дала за него. Секоја програма зависи од парламентарното мнозинство. Ние повторно да излеземе на избори исти или слични ќе бидат резултатите, вели Рафајловски.

Целиот разговор со Рафајловски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 5 =