Рафајловски: Државата и раководството во државата ни спие околу енергетската криза, струјата ќе поскапи, државата ќе треба многу да интервенира, потребни се храбри одлуки

You must need to login..!

Опис

Имаме еден огромен проблем, државата и раководството во државата ни спие за енергетската криза. На пример во месец мај Италија ги обезбеди количините струја. Не сакам да верувам дека имаме толку неподготвени институции. Утре е нов ден беше главната флоскула на оваа влада, а се однесувавме купи ден помини. Косово да бидеме начисто нема да ни даде јаглен, а реално ние не извршивме ни редовно одржување на РЕК Битола.

За ваквата ситуација оставката е најмалку што може да си поднесат тие луѓе кои стоеа зад оваа стратегија.

Компаниите кои добавуваат струја веа убедени дека ќе обезбедат евтина цена. Доколку не го знаеле тоа и не го предвиделе тогаш се лоши во бизнисот.

Кај нас се докажа постојат исклучително два силни партиски блока кои постојано се менуваат на власт. Двата партиски блока оној момент кога ќе се затворат сами со себе или го победат другиот создаваат експлозија и одвнатре се распаѓаат. Во овој систем функционира Али Ахмети а најдобро функционираше Никола Груевски кој лесно ги добиваше сите избори.

Многу треба одлуките да бидат рационални, струјата сигурно ќе поскапи, државата ќе мора да интервенира со високи суми. Ние под итно треба да тргнеме со гасификација, не да спиеме.

Тековната криза можеме да ја надминеме со набавка на струја од Норвешка, а понатаму ќе работиме да го поправиме РЕК да купиме нов багер, конечно да ги изградиме Чебрен и Галиште и на крајот потребни се храбри одлуки а нив може да ги донесат само луѓе што знаат, вели за УБ финансискиот консултант и аналитичар Горан Рафајловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 4 =