Расизмот убива! ПРОТЕСТ пред Чешка амбасада – бруталноста кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа

You must need to login..!

Опис

Граѓанското движење – АВАЈА најавува протест кој ќе се одржи на 3 Јули во сабота пред Амбасадата на Република Чешка – со почеток од 11:00 часот. Протестот се организира поради убиството на младиот Ром, Станислав Томаш од Теплице убиен од страна на полициските службеници. Собирно место на протестот ќе биде ширинката пред основното училиште „Koчо Рацин“ на улица „Мајка Тереза” (Водњанска) по што протестот ќе продолжи пред амбасадата.

Чешките власти предводени од Премиерот, Андреј Бабиш, Претседателот, Милош Земан и Министерот за внатрешни работи, Јан Хамашек не ја осудија полициската бруталност од полициските припадници туку напротив се заблагодарија за нивната реакција и дадоа поддршка на полицијата од Теплице. Ова е последен случај на полициската бруталност со кој Ромите низ Европа се соочуваат. Во полициска бруталност во септември 2020 во Битола беа претепани тројца Роми за кои сеуште нема судска разрешница.

Чешките власти се обидуваат да го оправдаат инцидентот како употреба на легитимна сила, тврдејќи дека Станислав Томаш бил под дејство на зависни супстанции. Од видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа како полицаецот клечи околу 5 минути на вратот на Станислав, а потоа сфаќа дека повеќе не се помрднува по што повикуваат амбулантно возило.

Полициската бруталност кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа. Таа се заснова на неограничената сила на полицајците кои гледаат и третираат секое ромско лице како криминалец, велат од Аваја.

Гостин во Утрински брифинг беше Марија Сулејманова од Аваја, а разговорот може да го погледенте во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 18 =