Раното дијагностицирање овозможува подобар третман на малигдните заболувања, разговор со проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис

You must need to login..!

Опис

Светскиот ден на ракот има за цел да спречи милиони смртни случаи секоја година преку подигање на свеста и едукација за канцерот со влијание врз владите и поединците ширум светот да преземат акција против оваа болест.

Околу осум милиони луѓе секоја година во светот умираат од рак. Се проценува дека бројот на случаи со рак и смртните случаи од таа болест двојно ќе се зголеми во следните 20 до 40 години.

Гостин во Утрински брифинг беше проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис, директорка на Универзитетска Клиника за Хематологија.

Епидемиолошките студии и светските студии беа број 2 причина за смртните случаи, а водечка причина се кардио-васкуларните заболувања. И навистина досега статистикате вела дека секоја минута во светот 17 луѓе умираат од малигдни заболувања. Но оваа година, кога светот се соочи со нов предизвик – корона пандемијата се сменија овие работи. направени се некои анализи во САД кои велат дека дијагностицирање на шесте малигдни заболувања, бр 1 е ракот на дојката на кај жената е намалено за 45% во периодот на пандемијата. Ова не значи дека имаме помалку малигдни болети, туку целката состојба во светот ги спречува луѓето навреме да се јават кај доктор, вели проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис.

Истата оваа анализа кажува дека во периодот на лок даунот минатата година во првите три месеци во САД превентивните и скрининг прегледи за малигдни болести се намалени дури за 90%. Затоа и имаме чувство дека во 2020 во светот се дијагностицирани помалку малигдни заболувања. Се очекува дека оваа година покрај пандемијата од ковид-19 ќе имаме нова пандемија од малигдни заболувања. Сите недијагностицирани малигдни заболувања ќе се јават оваа 2021, смета проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис

Се очекува дека со појаваа на вакцинацијата дека некаде до сепртември за 60% ќе е намалат бројките на луѓето кои ќе имаат потреба да бидат лекувани од ковид -19. За жал ќе дојдат многу нови пациенти со многу малигдни болести, кои наместо да бидат дијагностицирани во раниот период на болеста ќе бидат дијагностицирани во напредната фаза на болеста кога лекувањето е потешко и исходот е понеизвесен. Јас апелирам до јавноста, да не се плашат пациентите и да доаѓаат на преглед, вели проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис.

Целиот разговор со директорка на Универзитетска Клиника за Хематологија погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 7 =