Рангеловиќ: Се гледаат и првите контури на американската надворешна политика, добро е што се враќаат на светската политичка сцена

You must need to login..!

Опис

За почетокот очекувано беше од Бајден да потпише Укази кои се очекува да преминат во легислативи. Во тој контекст ќе видиме каква поддршкла ќе добие Бајден пред се во демократскиот кампус. Добро е што САД се враќаат на светската политичка сцена, изјави во Утрински брифинг, политикологот Иво Рангеловиќ.

Овие денови, не само враќањето кон организациите кои преходно беа напуштени, се гледаат и првите контури на американската надворешна политика кон Кина и Русија. Се гледа дека ќе има еден заострен однос, дека нема да има резервираност во нивната политика или поедноставно, се враќа во една нормала.

Препукувања се случуваат со векови, но последниве десетина години се една модерна студена војна. Протестие во Русија беа поддржани од ЕУ и од многу други земји. Се очекува повеќе да не се затвораат неистомисленици што за жал прерасна во пракса за време на владеењето на Путин, вели Рангеловиќ.

Целиот разговор со политикологот Иво Рангеловиќ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + three =