Рангеловиќ: Неминовни се инфлација и ценовен шок во светски рамки, а тоа е вон наша контрола и е неминовно

You must need to login..!

Опис

-Во делот на економијата секогаш сме имале и ќе имаме проблеми. Но, тука е и кризата со ковид која сѐ поремети. Во делот на економијата се споменува и корупцијата. Ако не се фокусираме на корупцијата како суштествен дел од економијата не можеме понатаму. Но, во сета таа магла од случувања тешко е да види кој е виновен, но мислам дека корупцијата има голема вина за нашата состојба со економијата, изјави за Утрински брифинг Иво Рангеловиќ, политиколог.

Корупцијата е врзана со правосудниот систем, па се вртиме во круг. Се предложи и нов закон за јавната и локалната администрација. Дали ЕУ се осврнува на даноците или правата на работниците?

-Во јавната администрација проблем е превработеноста и неефикасноста. Македонија има многу малку луѓе и фирми и тешко оди наплатата оти секој со секого се познава. Даночната реформа не е само нејзино донесување, туку нејзиното спроведување. Кога ќе дојдеме до ќорсокак ќе се јави ММФ и ќе наложи мерки што владата треба да ги спроведе, а тешко на таа влада.

-Фискалната политика па и монетарната се поврзани со идеологијата. Со фискалната политика имаме добри насоки, релативно добра е и стабилна. Само треба да вложиме напор да ја надминеме ковид кризата. Треба да ја поттикнеме и закрепнеме економијата во приватниот сектор.

Има насоки од ЕК дека треба владата да се фокусира на помош на домаќинствата, но и на задолженоста на земјата.

-Не е земено предвид дека ќе следува инфлација и ценовен шок зависно од цените на берзите и е вон наша контрола, а е неминовно. ЕК не ни нуди решенија, ние треба да дојдеме до решенија со помош на нашите експерти, а ЕК само изнесува критики и забелешки. Треба да имаме стратегија како ќе постапиме од јануари па натаму. Сѐ што правиме правиме за нас, не за ЕУ.

-Превработувањето во јавната администрација има нагорна линија и таа политика треба да се деконструира, но не очекувам дека набргу ќе се случи тоа. Но, кога ќе дојдеме до ситуација на апсурд ќе интервенираат светските економски механизми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + 3 =