Рангеловиќ: Консензусот е еден механизам во кој треба да размислувате наднационално – Бугарија не е држава која во моментов е спремна на такво нешто

You must need to login..!

Опис

Репозиционирање на македонската дипломатија пред сѐ кон Вашингтон, потоа кон Брисел – од Софија не гледам веќе што може да бараме

Организацијата и целокупното ниво на „Преспа форумот“ е за поздравување. Штета што недостасуваше опозицијата, штета што Бугарија нема претставници, особено во вакви сентиментални моменти. Она што мене ми го привлече вниманието е тоа што и покрај штоа ЕУ го нема во моментот едногласието, овој Форум го имапше. Сите претставници на овој Форум без исклучок беа едногласни дека Македонија ги постигнала политичките реформии дека сега топката е пренесена на ЕУ и таа е на потег да помогне во кревање на ветото и д асе оддржи таа прва меѓувладина конференција. Би ставил акцент на претставниците на САД, од Рикер до Џорџ Робертсон. Нивните преттавници беа децидни и остри во изјавите 0- не дека треба туку дека мора Македонија да го добие датумот. Тоа е едно охрабрување и зацврстување на македонската дипломатска позиција во овие преговори, но од друга страна не е добар знак што Бугарија не испрати претставник, иако имаше најава а такво нешто. Исто така не е добар знак и недостигот од опозицијата кои сега бараат одреден Меморандум во Собранието за да се дојде до консензус, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Иво Рангеловиќ.

-Се на сѐ пројде во еден пријателски дух и се испрати една порака дека е нарушен пред сѐ кредибилитетот на ЕУ, бидејќи Македонија направи се што можеше и се бараше од неа, додава Рангеловиќ.

-ЕУ функционира со еден механизам кој се испостави дека и не може баш да функционира доколку сите членки не се едноигласни, односно доволно реформирани на тој стадиум за да донесат консензус. Се испостави дека консензусот е луксуз и за ЕУ. Тука ја гледам и дел од вината кај ЕУ, бидејќи прими членки во име на геополитиката, за да се исполнат некои интереси, наместо да се реформираат. Тоа едногласие ја кочи во овој момент ЕУ, ќе видиме до кога ќе трае тоа. Консензусот е еден механизам во кој треба да размислувате наднационално и така да дејствувате. Јас се плашам дека Бугарија не е држава која во моментов е спремна на такво нешто, смета Рангеловиќ.

Интегралниот разговор и анализа со Рангеловиќ погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − four =