Рангеловиќ: Бугарија се обидува да балансира меѓу Русија и Западот

You must need to login..!

Опис

Еден месец пред војната, како турист то ја посети Украина, бев импресиониран во негативна смисла што немаше луѓе по улиците ниту осветлени прозорци. Сега верувам дека е полошо во Киев, вели за Утрински брифинг политикологот Иво Рангеловиќ.

Позицијата на Македонија е јасна, но Бугарија и Србија како наши соседи калкулираат со санкциите.

-Бугарија историски се сметала како вазалска проекција на Русија. Затоа и владата на Петков сега е на стаклени нозе, затоа што претседателот Румен Радев е наклонет кон Русија. Она што се случува во Србија е слично иако Србите се појасно ориентирани кон Русија, но истовремено е наклонета кон пристапување во ЕУ. Брисел е јасен – ако не дојде до санкции против Русија, заборавете ја ЕУ, вели Рангеловиќ.

Бугарија во моментов има поголем проблем од проблемот со Македонија. Но, Бугарија е членка на ЕУ, додека Белград и Скопје не се, а полесно е притисок да се врши врз аспирантите за ЕУ. Но, притисок ќе има и врз Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 + sixteen =