Рамчиловиќ: Не се отвораат вести од сите медиуми, кај некои насловот е еден додека содржината друго

You must need to login..!

Опис

И пратениците се плашат да не бидат објавени во медиумите како што не е во ред, оти тешко се чисти образот ако те стават насловна страница со лажна вест. Некако стана популарно да се бараат сандали и онаму каде што ги нема. За жал има медиуми кои прават негативна перцепција за пратениците иако и ние пратениците знаеме сами да им влеземе в уста на медиумите, вели Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник, за Утрински брифинг.

-Сѐ зависи од самиот пратеник. Но, во борба за дневнополитички поени и додворување на лидерот често се кажуваат неубави зборови и клевети. Од друга страна, не може да се обвинат новинарите што ги пренесуваат тие работи, вели Рамчиловиќ.

Тој коментира дека има сива зона во медиумите. Младите на пример се информираат преку социјалните мрежи, вели Рамчиловиќ, па некој портал со нарачана вест од политичка моќ ќе се појави на мрежите и веста ќе се прошири.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen − eleven =