🎥 Рамчиловиќ: На изборите победија прогресивните сили, Заев ќе формира Влада

You must need to login..!

Опис

Иако резултатот е тесен, важно е да се каже дека на овие избори победија прогресивните сили. Многу е важно што изборите поминаа беспрекорно чисто, освен хакирањето на веб сајтот на ДИК кој што остави мала дамка.

-Сепак луѓето ја препознаа разликата и испратија порака дека со црна кампања не може да мотивирате некој да излезе да гласа за вас. Ова е добро бидејќи на следните избори сите повеќе ќе се фокусираат да презентираат она што може да го дадат, а не да оцрнуваат опоненти, изјави за Утрински брифинг Зекир Рамчиловиќ, пратеник.

-Мислам дека во ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се случат промени. Веќе нелко циклуси лидерот на партијата губи, а кај него е и најголемата одговорност. Мислам дека во таа партија има многу луѓе кои ќе можат да ја демократизираат партијата. Постои огромно незадоволство, освен кај онаа врхушка која самиот лидер ја има поставено. Мислам дека ќе се случат промени и тоа е неминовно, вели Рамчиловиќ.

-Изборниот модел мора да претрпи промени. Една изборна единица е нешто што и е потребно на државата и граѓаните. Како припадник на Бошњаците јас барав и гарантирани места, кое што би било здраво. Мислам дека тоа би било многу здраво за општеството.

-Левица го искористи незадоволството од големите партии. Политички одиграа паметно. Начинот на кој што ветуваше правна држава привлече една група на граѓани и пред овие избори привлече и дел од граѓани кои се со радикални ставови. Но сметам дека е ова краткорочен успех и со овие ставови не може да оди напред. Сметам дека сега како дел од опозиција ќе се обиде да го билда рејтингот и на следните избори да добие уште некој пратеник, но со вакви ставови мислам ека нема да може да направи нешто повеќе, додаде Рамчиловиќ.

-Очекувам дека Заев ќе направи парламентарно мнозинство кое ќе биде поддржано од поголемиот дел на пратеници, смета Рамчиловиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × five =