Рамадани: Заев има искрена желба и визија, но опозицијата претерува со деструктивноста – оваа Влада може да продолжи со 62 пратеника

You must need to login..!

Опис

Лидер кој пред себе си дава задачи и визија, обично во такви моменти личниот или интересот на неговата партија се оставени понастрана. Еден од потешките проблеми што треба да се реши е проблемот со Република Бугарија, од друга страна предизвик се и внатрешните политики случувања, кои после се рефлектираат во однос на Европските интеграции. Имаме доста работа и Заев е свесен за тоа. Имаш желба и мотивација да бидеш успешен, а од друга страна имаше деструктивност. Опозицијата претерува со деструктивноста, таа има право да критикува, да дава алтернативи, но тие алтернативи треба да бидат за решавање на проблемот, а не за нешто што е спортивно од дискурсот на државата, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар Исмет Рамадани и додава дека кога опозицијата би била конструктивна тогаш не би имало потреба за формирање на таква широка политичка влада.

Мислам дека оваа Влада може да продолжи со 62 пратеника. Јас не гледам дека може некој да помине на другата страна, затоа што на крајот на краиштата на ДУИ не и лошо во коалиџција со Заев и СДСМ, бидејќи токму со СДСМ, ДУИ се поврати како политичка сила. Да останеше и понатаму во крилата на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе беше лошо за неа. ДУИ не би се одлучила да ја напушти коалицијата и да направи фруго мнозинство, бидејќи тоа е многу поризно за нив за понатаму, бидејќи тоа незадоволство од коалицирањето со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ останува кај АЛбанците како најлош период и не само кај Албанците, смета Рамадани.

Целиот рзговор погледнте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × three =