Ралев: Погром на архитектурата во Македонија, чувари на јавниот интерес треба да бидат планерите, проектантите но и општините и градовите

You must need to login..!

Опис

-Имаме една многу кратка историја на архитектонско творење, почнувајќи од фактот дека првата школа е 1949. Првите архитекти излезени од таа школа се нашите први современи творци и нивните дела се битни за нашата национална култура и нашиот национален идентите. Кога ќе се прешкртаат тие дела вие го прешкртувате и идентитетот.

Затоа погромот на архитектурата случен за време на тој кобајаги грандиозен проект „Скопје 2014“ е со огромни последици. Тоа е исто како да да направите ревизија на Петар Мазев или Блаже Коневски. Затоа велам дека се случи погроб на архитектурата во Македонија, изјави за Утрински брифинг претседателот на Управниот Одбор на ААМ, проф. д-р Мишко Ралев, архитект и актуелен Декан на Факултетот за архитектура и дизајн, при Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

-Скопје е модерен град. После земјотресот во еден краток временски период Скопје е изградено. Во тој период Скопје е глобален феномен, затоа што помош даде светска заедница. Најсовремените принципи на урбанизмот и архитектурата беа примените во неговата изградба. Затоа „Скопје 2014“ е феномен на квази градење. Интересите на градители, како инвеститори и сопствениците на парцелите, се во спротивност со јавниот интерес. Чуварите на јавниот интерес треба да бидат планерите, проектантите но и општините и градовите. Во нашата едукација е вграден јавниот интерес. Индивидуата не е пред колективот, но секако и колективот е во функција да размислува за јавниот интерес.

Околу трите точки во Скопје каде во моментов се кријат конфликтите помеѓу индивидуалното со колективно – Треска, Расадник, Центар и дали сме доведени во ситуација каде локалните власти стануваат немоќни под притисокот на одредени лоби групи, Ралев смета дека овие „конфликти“ треба да се разрешат на начин каде јавното ќе биде пред приватното.

-Секако дека постојат начини да се задоволат приватните апетити и надежи за просперитет преку градежното земјиште, но никако не смее да се препушти да се троши просторот. Тој еднаш уништен тешко се враќа, дециден Ралев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × one =