Разликите на регресивната и прогресивната политика, вмешаноста на историјата помеѓу економијата и политиката, разговор со проф. Артан Садику

You must need to login..!

Опис

Не знам и не би сакал да се впуштам во коментирање како би изглеал следниот период на Заев по неговот интервју за БГнес. Искуството со Договорт во Грција, иако на почетокот изгледаше како невозможна мисија на крај резултираше со успех. Затоа и не би правел проценка, изјави во Утрински брифинг проф. Артан Садику.

Постои една дефиниција за односот историја – политика. Всушност историјата е возможна за политиката и политиката се јавува во различни форми како одговор на историско-општествените околнсоти. Но таа разлика резултат/одговор е доста важна. Политиката која е резултат на историјата ја нарекуваме регресивна политика. Таа понижена не може ништо да понуди, таа затвора и повторува. Може да ја третираме и како антиполитика, бидејќи не се труди да ги реши предизвиците која одредена историска ситуација гио има наложено, туку се легитимира како основа на минатото. Од друга страна имаме друга политика која е исто така во одреден однос со историјата, но таа одговора на историјата. И пркоси на смртта на времето и се воздига над наследството и се труди на изгради едно ново време, ново историско искуство кое гледа кон иднината. И таквата политка ја нарекуваме прогресивна, која се труди да ги реши предизвиците на одредена историска ситуација, вели проф. Артан Садику.

На Балканот политиката која се јавува како резултат на историјата се појавува како резултат на невозможноста да се понудат нови економски алтерантиви. Изборот помеѓу едната и другата политика се јавува како резултат на економската ситуација, вели Садику.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × five =