Разговор со Сара Миленковска за акцијата Сподели авторка

You must need to login..!

Опис

Идејата на иницијативата „Сподели авторка“ е да се најде начин како да се обезбеди феминистичка литература и да се приближи женското творшетво до сите заинтересирани во помалите градови во државата односно да се обезбеди основна феминистичка литература во градските библиотеки.

„Се’ започна кога една со една девојка почнавме да разговараме за тоа каде можат да се најдат одредени книги, таа потоа дозна дека сум дел од менторската мрежа Стела и започнавме менторство при што подетално разговравме за тоа како може повеќе да се информира за феминизмот, за родово базираното насилство и тоа ми остана како сознание дека можеби немаме сите еднаков пристап или можеби не знаеме како да ги најдеме соодветните информации. Во моментов иницијативата е во почетна фаза во која се’ уште го дефинираме списокот на наслови на книги и потоа теба да видиме кои книги ги имаме во нашите домови за да може да ги донираме , исто така се надеваме дека ќе најдеме и посоодветна поддршка.

Сметам дека иницијативата е исклучително значајна бидејќи е дополнителен начин на којшто може да си помогнеме и да се еманципираме. Ова не е само субјективен избор на феминистичка литература и женско творештво и јас многу учам бидејќи кога дефинираме феминистичка литература може да тргнеме од раслични аспекти. Едниот е за историјата на женската борба, кој е длабпоко поврзан и со историјата на антифашистичката борба, како еволуирала и кои се истражувањата за тие теми. Но, има и еден субјективен пристап во кој одредени женски творештва кои лично ни помогнале да разбереме одредени патријахални конструкции, да ги деконструираме итн.

Преку оваа иницијатива може да креираме и онлајн библиотека бидејќи нашата идеја е најпрвин да креираме пакет од дваесет или триесет книги и да ги споделиме во градските библиотеки во помалите градови во државата“, вели за Утрински брифинг, Сара Миленковска . политологот, активистка и коосновачка на „Стела Менторска Мрежа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 4 =