Разговор со режисерот Георги Унковски кој ќе го снима својот прв игран филм „ДЈ Ахмет“

You must need to login..!

Опис

Режисерот Георги Унковски е еден од двајцата млади автори на кои им Агенцијата за филм им одобри околу 380 илјади евра за дебитантски долгометражен филм.

„ДЈ Ахмет“. Во разговор за Утрински брифинг тој открива дека темата на филмот „ДЈ Ахмет“ е судирот помеѓу традицијата и современоста, а снимањето планира да го започне идната година. „Буџетот што го одобри Агенцијата е солиден за еден дебитантски филм и во тој поглед немаме поплаки, задоволни сме, иако буџетот на филмот се’ уште не е затворен и во потрага сме по копродукции, важно е и за темата на филмот да бидат вклучени повеќе земји во неговата продукција. Следната земја во која ќе аплицираме е Чешка, каде го завршив и факултетот. Темата на филмот „ДЈ Ахмет“ е за 15-годишно дете од едно јуручко село во Македонија, кое се наоѓа на животен крстопат кога татко му ќе го отпише од школо и ќе му ја даде одговорноста да се грижи за овците и за неговиот помал брат. Но Ахмет има сон да стане диџеј и е опседнат со електронската музика додека живее во селото.

Тој се судира со очекувањата на својот татко и истовремено за првпат се среќава со љубовта. Би бил среќен кога идната година, ова време би почнале со снимање на филмот, иако тоа е малку амбициозно, бидејќи се’ уште сме во потрага по дополнителни средства што може да потрае и една година или две, но мислам дека филмот треба да се сними што е моѓно побрзо затоа што понекогаш се случува премногу да се развлече работата и тогаш се губи дел од таа магија“, вели за Утрински брифинг режисерот Георги Унковски.

Тој смета дека македонските филмски автори, во последните неколку години, се прилично застапени на меѓународната филмска сцена, како што е престижниот Санденс филмски фестивал во САД, каде беше прикажан и неговиот наградуван краткометражен игран филм „Налепница“ со Сашко Коцев во главната улога. „Конкретно за фестивалот Санденс може да се каже дека им влеговме во видик како земја кја што има интересни филмови и автори и мислма дека и во иднина на Санденс ќе гледаме уште македонски филмови и тоа ме радува“, додава Унковски..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 1 =