Разговор со Марина Мијаковска која го истражува женското писмо во македонската литература

You must need to login..!

Опис

Писателката и научна истражувачка Марина Мијаковска ја објави книгата „Ecriture feminine и романот: прилог кон феминистичката теорија на жанрот“ во која зборува за теоретските и практичните аспекти на женското писмо. Значајно е што во неа се дефинираат неколку модели на женското писмо, преку анализа на делата на македонски и светски авторки: Оливера Николова, Ирена Јорданова, Лидија Димковска, Вирџинија Вулф и Маргерит Дирас.

„Овој труд дава придонес кон книжевната наука, женските и родовите студии затоа што за прв пат се изделуваат модели на женско писмо во романот, како посебни феминистички модели на текст. Тоа се три модели: женско писмо – ткаење на текстот или женска пајажина, вториот модел е герила женско писмо и субверзивно јазично женско писмо. Овие модели се универзално применливи врз романи од светската но и од домашната книжевна продукција. Во оваа моја книга се задржувам на францускиот пристап за женското писмо и најмногу ги истражувам нашите авторки затоа што и самата творам во овој контекст. Посебен акцент ставам на романите „Куклите на Росица“ од Оливера Николова, „Скриена камера“ од Лидија Димковска и „Помеѓу“ од Ирена Јорданова затоа што сметав дека овие авторки оставаат посебен белег во прозната продукција кај нас, бидејќи токму во тие нивни романи ги најдов тие женски одлики, стилски, формални, тематски преку кои што ги изведов овие три модели на женското писмо. Кај нас имаме прекрасна плејада на авторки кои обработуваат теми од сферата на женското писмо и преку нив може да се слушне гласот на жената како субјект, да се слушнат одредени прашања кои ја интригираат жената.

Овие авторки како Оливера Николова, Димковска, Ирена Јорданова, Ќорвезировска се авторки кои навистина имаат одлични книги од кои може да се осознаат многу прашања поврзани со феминизмот, позиционираноста на жената во општеството и други теми. Сметам дека нашата книжевна продукција изобилува со одлични жени авторки“, вели за Утрински брифинг, Мијаковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + eight =