Погледнете ја историјата на македонските анимирани филмови, разговор со Ивановски и Јаќовски автори на првата публикација

You must need to login..!

Опис

Публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“. која е резултат на истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски, ќе биде промовирана во рамки на одбележувањето на јубилејот „50 години македонски анимиран филм“, кое започнува вечерва (9 ноември) во Младинскиот културен центар.

„Јубилејот 50 години анимиран филм го обработуваме низ два периоди, едниот е златното доба на македонските анимирани филмови, од 1971 до 1991 година, а вториот период е сцената денес. Поради потребата да му дадеме историски контекст на ова што го работиме се фокусиравме повеќе кон историскиот дел и да се обидеме да откриеме повеќе за тоа време“, вели за Утрински брифинг, Иван Ивановски еден од авторите на публикацијата.


Според нив овј проблем на недостиг на публикации е присутен во повеќе сфери во културата. Поради недостигот на информации на интернет за овој период, Ивановски истражувал во депото на Кинотеката и разговарал со некои од авторите и соработници од 70-тите и 80-тите години.


„Овде тој недостиг беше многу евидентен, сепак постојат архиви, но собираат прашина во културните институции, а нашата задача беше да ги дигитализираме и да ги пренесеме прво на веб сајтот, а сега и како публикација, во која се поместени материјалите што ги најдовме. Еден дел од нив ќе може да се видат на изложбата во МКЦ. Навистина тој период од дваесетина години, според квантитет и квалитетот е импозантен. Освен „Сребрената мечка“ во Берлин, имаме освоени награди на најпестижните фестивали за анимиран филм, како што е Оберхаузен, „Анеси“ во Франција, потоа „Отпор“ на Боро Пејчино бил југословенски кандидат за Оскар и еден од главните мотиви и за оваа публикација и за настанот е овој период да не падне во заборав, туку напротив да му дадеме ново значење, нов контекст кој што ќе ги мотивира новите автори што се занимаваат со анимиран филм“, вели Слободан Јаќовски, филмски истражувач.

Одбележувањето „50 години македонски анимиран филм“ ќе опфати изложба на артефакти од „златното доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на артефакти од актуелните автори на анимиран филм кои ја сочинуваат сцената денес. Освен изложба, предвидени се дискусии со авторите и проекции на филмови. Организацијата на овој настан е на Друштвото на филмските работници на Mакедонија во партнерство со Кинотеката на Северна Македонија, Вардар Филм и Младинскиот културен центар, со поддршка на Агенција за филм, Министерството за култура и Град Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 4 =