Разговор со Владимир Јанчевски кој што ги направи најзначајните изложби годинава

You must need to login..!

Опис

Кога би требало да се избира кој е човекот кој ги осмисли најдобрите изложби годинава тоа би бил Владимир Јанчевски, куратор на трите најбитни изложби. Станува збор за проектот работен со Јадро Претставување на 10 современи македонски уметници, претставувањето на Петар Хаџи Бошков и проектот Пркосни слики кој се однесува на творештвото на германскиот уметник Џон Хартфилд и неговите современици.

-Интересна е изложбата за Хартфилд затоа што некои од овие уметници ѝ припаѓаат на историската авангарда заради духот на времето, период кој не сме го третирале и го немаме во нашите колекции, веи Јанчевски.

Тоа е политичка уметност, а Јанчевски е автор и на текстот за изложбата на Жмијевски „реализми демократии, демократии реализми“, изложба која сѐ уште може да се погледне во Музејот на современа уметност.

Јанчевски кажува што е важно во уметноста, но она што се важи се оние политички проткајани дела на современите уметници.

-Тоа интересна позиција на прифаќање на уметноста оти сѐ уште уметноста главно се сфаќа како нешто декоративно. Критичките уметници велат дека уметниците не се различни од другите луѓе, слични се како новинарите, даваат приказ на реалноста, вели Јанчевски.

Дека формата е репрезент на духот на времето може да се види и во делата на Петар Хаџи Бошков и затоа се битни тие ретроспективни изложби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × two =