Разговор со Ана Ивановска Дескова за жените архитекти во модернистичко Скопје

You must need to login..!

Опис

Во фокусот на изложбата „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“, која е отворенас во Музејот на Северна Македонија, се Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска. Според нив, периодот на 1960-те, 1970-те и раните 1980-те години е време на интензивно архитектонско и урбанистичко творештво за Мимоза Несторова Томиќ, Вера Ќосевска, Љубинка Маленкова, Олга Папеш, Василка Ладинска и многу други авторки.

„Оваа изложба што ја отворивме во Музејот на Северна Македонија „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ е дел од еден истоимен поширок проект кој е финансиран од Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија. Тој е поттикнат од една важна дебата која се одвива на глобалнио ниво, а која се однесува на улогата на жената во општеството, за нејзините права, за рамноправноста и за улогата на жената во професијата. А второ нешто, кое за нас беше важно беше едно авторско истражување во МоМА, во 2018 година кога се отвори прашањето за значењето на жените архитетки во поранешна Југославија. Со еден таков поттик се обидовме да провериме што тоа значи во нашиот контекст, овде во Скопје и поврзано со постземјотресната обнова на Скопје како еден период кој што е многу значаен за нас, особено заради тоа што се случува интензивно архитектонско творештво со висок квалитет“, вели за Утрински брифинг, Ана Ивановска Дескова, една од авторите на истражувањето.
„Жените архитекти од тоа време биле образовани Белград, Загреб и Љубљана, каде архитектонскиот модернизам навлегува директно од европските центри и по нивното враќање во Скопје имаат силно влијание врз развојот на македонската архитектонска сцена, ширејќи ја модернистичката идеја и култура“, додава Ивановска Дескова.

Таа предупреди дека е недоволно напишана и истражена нашата архитектонска како историја, така и самите градби од периодот на модернизмот.


Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × four =