Разговор.мк нуди бесплатно он лајн советување со психолози за жртвите од „Јавна соба“

You must need to login..!

Опис

Триесет психолози понудија бесплатна помош за жртвите на сексуално вознемирување во групата „Јавна соба“. Станува збор за мобилната апликација Разговор.мк, чиј креатор Георги Михаилов денеска во Утрински брифинг ги повика сите девојки и жени кои биле сексуално вознемирувани на интернет, без двоумење да закажат термин со некој од психолозите кои им стојат на располагање.  

-Наша одговорност е да понудиме помош на сите жртви, а со тоа да дадеме придонес и во создавање на општествено одговорна средина, со цел жртвите на родово базирано вознемирување да се чувствуваат охрабрени да ги споделат лошите искуства, да зборуваат за нив со стручни лица, зада можат да продолжат со животот без никакви последици. На платформата има 31 психолог, а повеќе од 90 проценти без двоумење одлучија нивните психолошки совети бесплатно да ги даат на жртвите од јавна соба. Секоја од девојките може да не контактира на нашата е-маил адреса support@razgovor.mk или преку нашите профили на социјалните мрежи.

Секоја девојка може да ги види психолозите да ги види на апликацијата и да закаже термин со кој психолог сака, а ние веднаш ќе закажеме термин, објаснува Михаилов. Тој додава дека нема временски ограничувања до кога ќе трае пријавувањето, ниту пак има ограничувања во однос на бројот на жртви кои може да се јават.

-Интересот засега е многу помал отколку што очекувавме. Не знам дали поради недостаток на самодоверба, или пак девојките сметаат дека нема потреба да разговаат со психолог. Сепак, сакам да ги охрабрам да ја искористат можноста и да добијат бесплатна психолошка помош, дури можат да останат и анонимни, повикува креаторот на Разговор.мк. Он лајн сеансите со психолог со новина кај нас, што наидува на недоверба кај луѓето, но според Георги, го дава истиот позитивен резултат како и советувањето во живо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 3 =