Пушењето, сепак, е број 1 здравствен проблем – разговор со Д-р Митов

You must need to login..!

Опис

Земјите каде што се пртават анализите, ни од далеку немаат таква стапка на пушење како кај нас. Зголемувањето на веројатноста за зголемување на компликациите е присутно кај пушачите. Тука е и загадувањето. Значи во врвот сме во пушењето, на врвот сме во загадувањето, на врвот во нездравите навики и сето ова има свој ефект врз последиците од Ковид-19, изјави во Утрински брифинг, д-р Александар Митов.

-Кога сме правеле инвестиции во кардиологија, онкологија сме инвестирале да се справиме со последицитре од пушњето, а онаму каде што е изворот на проблемите вие може да видите многу мала активност. Знаете веќе немам зборови да го истакнам тоа колку ние како држава, како здравство, треба да сериозно да се посветиме и фокусот да го ставиме во намалувањето на пушењето, вели д-р Митов. Но нема преку ноќ ситуацијата да премине од црна во боја. Во таа смисла на пазарот постојат средства базирани на тутун кои што на еден начин го вадат никотинот и не прават толкава штета на здравјето. Сакам да кажам дека има алтернативи, опции. Треба да се најде начин на намалување на степенот на пушење цигари, такво како што е сега.

-Грубо кажано има два начини на откажување. Едниот е веднаш, а другиот е етапно откажување.

Првиот начин бара ментална подготовка. Тоа бара разговор со самиот себе си, со семејството, со пријателите. Да се најави намерата, доколку е одбран датум и тој период да се работи на сопствената мотивација, да се размислува за придобивките.

Вториот начин е етапниот. Тој подразбира намалување на цигарите постапно.

Целиот разговор со д-р Митов може да го погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − three =