Путин ќе го добие спринтот, но ќе го изгуби маратонот

You must need to login..!

Опис

Ако треба да се сумира во една реченица јасно е дека Путин ќе го добие спринтот, но мислам дека ќе го изгуби маратонот, а ова ќе биде маратонска битка која ќе има неколку чина и ќе трае подолго од она што ние би сакале да трае. Она што мислам дека ни самиот Путин не го знае во овој момент е докаде тој мисли да оди со оваа инвазија.

-Јасно е дека украинската страна може да даде ограничен отпор и дека имаше неколку сценарија каде би можело да заврпи, затоа што тоа ќе биде првата фаза после која ќе треба да се седне повторно на маса. Како сите конфликти и овој ќе заврши таму, но битно е дали ќе заврши од перспектива дали ќе зазаеме само дел од Украина, ќе дојде до Дњепар, цела Украина итн..

-Јас мислам дека тој на крајот ќе сака да седне на маса, ноќе сака да седне на маса со многу посилни карти од оние кои ги има, под свои услови.

-Јас не сум сигурен дека тоа многу ќе му помогне во оваа ситуација, затоа што испоштеноста која му се случува во овој момент е многу поголема од што тој очекуваше. Дури и некои негови традиционални сојузници му свртеа грб. На долг рок ова ќе биде повеќе геополитичка и дипломатска битка, изјави за Утрински брифинг, проф. Ненад Марковиќ.

Според Исмет Рамадани, претседател на атлантскиот сојуз во Македонија, добро е што Украина не пружа отпор веднаш, првиот ден после првиот налет на руската армија.

-Треба да се почека како ќе реагира прогресивниот свет. На тоа што ако се надевал Путин дека во ЕУ во НАТО ќе има недарозбариња, расцеп, мислам дека тука не ја погодил одлуката, затоа што после агресијата реакциите се и од земји од кои он се надевал дека нема да бидат против. Мислам дека и Кина ќе остане воздржана.

-Првата реакција на канцеларот Шолц мислам дека е пооштра од она што ние очекувавме. Дури и Ердоган не го оравдува она што го прави Путин. Мислам дека Путин многу лудничаво влезе во оваа авантура, така што треба да знае една работа дека војната кошта, вели Рамадани.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 1 =