Психологот Попризова за „Јавна соба“: Тука сме да помогнеме, но институциите мора да преземат конкретни чекори

You must need to login..!

Опис

Јас кога прочитав одново пост на социјалните мрежи со вулгарна содржина поврзан со 14 годишно девојче, влегов во чевлите на тие жртви, си замислив дека тоа се мои учеинички сметам дека е моја професионална обврска да реагирам. И пред година дена дена кога изби аферата за прв пат имавме состаноци, се подготвуваме во насока да бидеме спремни дека ќе доаѓаат родители, деца, дека жртвите ќе се пријавуваат. Но за жал тоа не се случи. Затоа и реагирав, во насока да да дадам глас на нас како стручни соработници дека сме тука за учениците, дека постоиме и дека наша задача е да пружиме помош, изјави во Утрински брифинг психологот и соработник на „Меѓаши“, Ана Попризова.

Молкот е драматичен и многу значаен. И ланската година кога се отвори аферата никој не се јави. Сега на отворен повик никој не се јавува. Кај нас, како традиционално општество владее срамот, потребата да се прикрие и секако во еден дел ова е разбирливо, затоа што прашање е жртвите и семејствата имаат доверба во институциите. Мислам дека го допревме дното и сметам дека треба да се преземе нешто. Да постои група со над 7.000 членови и да не може да се санкционира е отвроен доказ дека општеството и институциите аминуваат насилство, а тоа е нешто што е на другиот екстрем доколку сакаме да се справуваме со вакви ситуации, вели Попризова.

Целиот разговор со психиологот Ана Попризова погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + two =