Психологот Петковски препорачува: Креирајте нови навики – постои опасност од чувство на осаменост, зголемена фрустрираност, пад на толеранција, психотичност

You must need to login..!

Опис

Последиците нема да се забележат кај луѓе кои се во добра кондиција и ментално здравје. Повеќе ќе се забележат кај луѓе кои и пред тоа биле емоцианално лабилни или имале одредени неуротски проблеми или пак проблеми со социјалниот живот.

Ваквата ситуација, со намалена социјална интеракција кај луѓето ги потенцира нивните внатрешни конфликти.

Кога човекот се навикнува на комуникација, тој тежнее да ја има и понатаму таа комуникација.Кога ќе се воведе вонредна состојба, многу луѓе имаат комуникација со апстиненција. Таа апстиненција ќе предизвика паника, чувство на осаменост, зголемена фрустрираност, пад на толеранција, психотичност…

Во оваа ситуација најзагрозен ќе биде начинот на кој се структура времето. Потреба за дрзба, односно за комуникација некои луѓе ќе ја компензираат со телефони, социјални мрежи, но начинот на кој се структурира времето ќе бара повлекување во своите мисли и ритуали. Веќе во ритуалите ќе има луѓе кои истите нема да можат да ги спроведат, изјави за Утрински брифинг психологот Станислав Петковски.

Решението е во креирање на нови ритуали и пронаоѓање на други навики и рутини кои се во склад со сегашната ситуација, вели Петковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × two =