Проф. Јовановиќ: Сите држави во Источна Европа имаат раст во вториот квартал, само Македонија е искучок

You must need to login..!

Опис

Само Македонија од земјите во регионот има намалување на проекцијата за економски раст, вели професор д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот економски институт, во гостувањето на Утрински брифинг.

-Речиси сие држави во Источна Европа бележат раст во вториот квартал од она што се очекуваше претходно, но за жал Македонија е исклучок. Македонија во вториот квартал имаше релативно слаб економски раст, растот беше 13 проценти, што звучи дека е висок но не треба да заборавиме дека лани во истиот период паднавме околу 15 проценти што значи дека се уште сме под она предкризно ниво, се уште сме под нивото што го имавме лани ова време отприлика. Тоа значи дека економијата во Македонија малку поспоро се опоравува од она што се очекуваше и од темпото кое го имаат другите економии и ние во нашиот институт во моментов ги спремаме новите проекции за следниот период кои ќе ги објавиме за околу 2 недели и Македонија, за жал ќе биде една од ретките земји која ќе има намалување на проекцијата за економскиот раст. Претходно се очекуваше дека растот ќе биде околу 4 проценти, сега тоа ќе биде веројатно околу 3,5 посто, не можам точно да кажам, но дефинитивно ќе има некое намалување, вели професор Јовановиќ.

Тој зборуваше за трендовите во економијата во светот, издвојувајќи ја американската како лидер во опоравувањето после пандемијата.

-Во глобалната економија се бележи подобрување. Сега има повисоки проекции на раст од од она што го најавуваа пред половина година или пред 3 месеци. Тоа се должи на две причини: песимистичките очекувања беа пренагласени, пандемијата се сметаше ќе донесе крај на светот, карикирам но суштината е таа. Владите во светот дадоа многу поголема финансиска поддршка на своите економии од она што порано го правеа и затоа економиите подобро се опоравуваат. Конкретно, лидер во светот во однос на поддршката е  американската економија која децении наназад беше многу конзервативна по ов апрашање но со новиот претседател Бајден трошат засилено и  во моментов во Конгресот и Сенатот се дискутира за нови пакети за поддршка на економијата и тие зголемени трошења од страна на државата прават економијата подобро и побрзо да се опоравува. Истото се забележува и во нашиот регион, Источна Европа, вели Јовановиќ.

Целиот разговор погледнето го во видеото:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 16 =