🎥 Проф. Јовановиќ: Државата да интервенира-повисоки даноци за побогатите, земање на тие пари од страна на државата и инвестирање во економијата

You must need to login..!

Опис

Светската пандемија нанесе силен удар по економиите и моделите врз кои се темелат. Последиците се веројатно пострашни од „големата депресија“ .

Гостин во Утрински брифинг беше Проф. д-р Бранимир Јовановиќ кој анализираше за првичните податоци за тоа како се движи релацијата богати – сиромашни – пандемија.

-Мојата теза е дека оваа економска криза не е толку страшна на агрегатно ниво. Ако гледате колку ќе падне БДП кај нас, најстрашната проценка 4,5 % кој не враќа на крајот од 2018 година кога всушност и не се живееше толку лошо. Поголем проблем е што ефектите ќе бидат асиметрични, односно нема да ги опфати сите исто, вели Јовановиќ и додава дека ова е една критика до вкупната економска мисла во изминативе 40-50 години затоа што се фокусираше на просекот. Оваа криза ќе падне несразмерно врз грбот на поранливите. Оваа криза ги покажува сите слабости на постојниот економски ситем. Нео-либералниот модел на економија, гледаме особено во САД, различни групи на луѓе се различно погодени. Од почетокот на кризата во САД 39 милиони луѓе останаа без работа. Се очекува таму стапката на вработеност да биде поголема од кај нас – над 20%. Тоа покажува дека системот е трул. И кај нас е видливо – големите фирми и банките си исплаќаат дивиденди, а некои кубурат за плати, вели Јовановиќ.

-Во природата на капитализам е да го концентрира богатството кај мал број на луѓе. Но тоа не значи дека мора да биде така. Со државна интервенција тоа може да се смени. Во најголем дел од 20 век тоа не било така. Во периодот од втората светска војан до 80-тите години имаме период кога имаме висок економски раст во светот и голема улога на државата во економијата, вели Јовановиќ и додава дека највисоката даночна стапка во САД во периодот од втората светска до 80-тите изнесува дури 90%. Значи најбогатите луѓе плаќале и 90%‚ данок. Тоа значи дека државата може да интервенира, со тоа што ќе важат високи даноци за побогатите, земање на тие пари од страна на државата и инвестирање во економијата.

-Кај нас најплатените директори во државата (250 луѓе) имаат плата над 10.000 евра. Тие плаќаат придонеси за социјално осигурување од само 9% за разлика од сите нас други кои што плаќаме 28%. Тие плаќаат многу пониски даноци од останатите во државата. Раликата помеѓу нео-либерализмот декларативно се залага за слободни пазари немешање на државата во економијата , но всушност тој се сведува боогатите луѓе да ја заробат државата. Тоа го има секаде во светот. Богатите и моќните поставуаат свои луѓе на клучни луѓе во институциите на државата и преку нив ја контролираат економијата и вистинското прашање е како тоа да се смени, вели Јовановиќ и додава дека кај нас е грешката што се мисли дека може да има некаков баланс. Тоа е грешката кај нашите социјал-демократи. Обидот за баланс значи седење на две столици и тоа се ззнае како се завршува – или седите на столиците кај бизнисмените или паѓате доле.

-Потребен е прогресивен данок и поместување на парадигмата. Од рамен кон прогресивен данок. Тие 250 луѓе ако се направи да плаќаат исти придонеси како што плаќаме ние државата ќе собере 10 милиони годишно, вели Јовановиќ и додава дека најпрофитабилните 200 компании во Македонија прават чисти добивки од 1.000.000.000 евра и ако им се воведе прогресивен данок државата би собрала над 100.000.000 евра годишно кои би можеле да се искористат во инвестиции во здравство, образвование, социјална заштита….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + 2 =