Проф. д-р Ѓуровски: Војна помеѓу НАТО и Русија нема да има

You must need to login..!

Опис

Украинско-руската криза и нејзините импликации, како да се пресели во пропагандна игра и како да не е веќе ургентна воена криза. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со професорот на Факултетот за безбедност и претседател на Политолошкото друштво на Македонија проф. д-р Марјан Ѓуровски.

-Има интерес оваа безбедносно-воена криза да се пренесе на зелената маса за преговори. Овој конфликт меѓу Украина и Русија има подолга генеза, но тоа е повеќе конфликт меѓу НАТО и Руската федерација, вели Ѓуровски.

Јенс Столтенберг веројатно треба да му се заблагодари на Владимир Путин што ја разбуди Алијансата која беше под влијание на ковид-кризата, коментира Ѓуровски. За решавање на ситуацијата ставовите меѓу членките се различно, но сите се согласуваат со независноста и интегритетот на Украина како засебна држава.

-На прашањето дали ќе има војна меѓу НАТО и Русија, одговорот е – не. Но не е исклучено, поради големиот број војници натрупани на границата, да има мали изолирани конфликти, вели Ѓуровски .

Ѓуровски смета дека македонски војници, како дел од НАТО, нема да се бара да учествуваат во какви било активности в Украина, но е можно да бидат распоредени на територијата на други земји членки на НАТО, како што е Полска. Тој додава дека е присутна руската пропагада во Македонија, но треба да се има предвид двојната игра на Русија кон нашшата земја.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

15 + thirteen =