Проф. Шукаров: Буџетот е преобемен, задолжувањата стануваат проблематични – граѓаните не се сигурни за да ги извадат парите од под перница

You must need to login..!

Опис

Акцентот на буџетот е ставен на здравството и тоа е изнудено. Веројатно тоа е казна за долгите години каде немавме инвестирање во здравствениот сектор и сега дојде еден вирус да ни држи лекции. Овој буџет е свртен кон здравството и последиците од кризата. Затоа доминираат социјалните, здравствените прашања и оние елементи кои би можеле да јка поттикнат економијата и да ја оддржат за да не дојде до колапс. Но има многу недоречености. Буџетот е план за приходната и расходната страна. Прогнозата се прави во комплетно нерегуларни услови, со многу непознаници. Не знаеме до кога ќе трае кризата, овде е преземено многу оптимистичко сценарио иако има и реалистичко. Овој буџет бара премногу претпоставки да бидат остварени. На пример 4,1% раст. Тоа е засновано на комплетниот колапс на економијата во 2020-та година па се претпоставува дека толку ќе имаме поместување, што е оптимистичко сценарио, изјави во Утрински брифинг професорот Мирољуб Шукаров и додаде дека застојот ќе треба да се еамортизира во неколку наредни години.

Има една среднорочна проекција во самиот буџет која што е релативно оптимистичка и може да се реализира. Но 4,1 % е претпоставката која што е заснована на раст на извозот од 14%, увозот од 12%. Тоа се премногу оптимиситчки прогнози. Дури и да претпоставивме дека ковид кризата денес ќе заврши и вакцините ќе дојдат во март месец – прво нема Македонија да биде на приоритетната листа да ги добие прва вакцините, второ и доколку ги добие процесот на вакцинирање е малку подолг. Нашата економија зависи од економиите во ЕУ, смета проф. Шукаров.

-Ако ги анализирате буџетите во последните 10 години ќе видите дека јавниот долг токму заради буџетските дефицити, е зголемен за 3,5 пати. БДП е зголемен само за 50%. Зголемувањето на буџетите е само 30%, но дефицитот е 440%. Значи Владите кога правеле буџетот ја префрлале топката на враќање на расходите за да се додоврат на даночните обврзници, вели Шукаров.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 7 =